Кандидатот на косовското националистичко движење „Самоопределување“ Шпенд Ахмети е новиот градоначалник на Приштина, јави дописникот на МИА.
Според прелиминарните резултати, Ахмети освоил 51,5 отсто од гласовите, додека неговиот против кандидат Иса Мустафа, лидер на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и актуелен градоначалник на Приштина добил 48,5 отсто.
Членови и симпатизери на „Самоопределување“ доцна синоќа во центарот на Приштина ја славеа победата, а новиот градоачалник Ахмети ги повика граѓаните да излезат да слават заедно и им се заблагодари за подршката.
Мустафа на средба со новинарите го прозна поразот, но нагласи дека на локалните избори партијата постигнала „голем успех“ освојувајќи градоначалнички места во Гњилане, Пеќ, Урошевац, Витина, Сува Река и Липљан, а во коалиција со Алијансата за ново Косово (АКР) и во јужниот дел на Косовска Митровица. АКР самостојно го освои и местото градоначалник на Ѓаковица.
Демократската партија на Косово (ПДК) на косовскиот премиер Хашим Тачи победи во Косовска Каменица, Ораховац и Призрен, а Алијансата за иднината на Косово во Обилиќ и Јуник.