Германската влада нареди протерување на претставник на ЦИА во Берлин како одговор на двата случаи на наводна шпионажа од страна на САД.
Претставникот на САД дејствувал како контакт на ЦИА во Американската амбасада, се наведува во извештаите, скандал што ги разбесни германските политичари.
Еден германски разузнавач беше уапсен минатата недела под сомневање за шпионажа.
Исто така, започна истрага за германски работник во Министерството за одбрана.
“На претставникот на американските разузнавачки служби во амбасадата на Соединетите Американски Држави му е кажано да ја напушти Германија”, рече портпаролот на владата Штефен Сејберт.

