Министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека на украинската влада треба да и се закани со санкции, доколку не се најде политичко решение за кризата во Украина.
>> Јанукович подготвен за предвремени избори, Ештон патува во Киев
Изјавата на шефот на германската дипломатија не се совпаѓа целосно со пораките коишто во врска со Украина доаѓаат од страна на конзервативната канцеларка Ангела Меркел, којашто минатата седмица изјави дека засега не станува збор за санкции во однос на Киев, пишува Ројтерс.
„Мислам дека мораме да разгледаме можност за воведување санкции како закана”, изјавил Штајнмаер во понеделникот доцна навечер во разговор за германската телевизија ARD, додавајќи дека Германија мора да ја има и таа опција отворено, доколку состојбата во Украина не се поправи.