Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штајнмајер денеска во Скопје, отворена поддршка за нашата интеграција во ЕУ

0
By Ана Василевска on November 29, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ, ќе бидат темите во фокусот на дводневната посета на претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер на Република Северна Македонија која почнува денеска. Ова е прва посета на Штајнмајер на Македонија, по која заминува во соседна Албанија со што дава поддршка на заедничките регионални перспективи за интеграција во Унијата.

Германскиот претседател, според неговата агенда, се очекува денеска напладне да има средба со Претседателот Стево Пендаровски, по што во 13 и 15 часот ќе имаат заедничка прес-конференција. Во 14 часот ќе се обрати во Собранието, а во 16 и 15 часот ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски во Влада.

На 30 ноември, Штајнмаер во Чифте амам ќе се сретне со филмската екипа на филмот „Медена земја“. Во попладневните часови ќе ги посети ветерниот парк во Богданци, а потоа германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.

Како што веќе објави НоваТВ во подетален текст, 67-годишниот германски претседател се смета за политички тешкаш, прагматичен во коалициско кохабитирање – искуство што го стекна како шеф на дипломатијата на канцеларката Ангела Меркел, во два наврати од 2005-2009 и од 2013-2017.

Иако припаѓаа на две спротивставени политички опции, Штајнмаер од социјал-демократите а Меркел од демохристијаните, тие успешно соработуваа заеднички примајќи ги ударите од Брегзит и руското анектирање на Крим во време кога Германија работеше напорно да го издигне својот профил на европската и светската сцена.

 

ЕУ интеграции посета на РСМ Франк-Валтер Штајнмајер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.