НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што е приоритет за државната администрација, департизација или реорганизација?

0
By Marija Todorovska on May 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Независниот синдикат на државна администрација (НСДА) – ќе бара учество на нивни синдикални претставници во најавените реформи од страна на политичките претставници на новото парламентарно мнозинство произлезено од изборите на 8 мај.

Од НСДА за „Фронтлајн“ велат дека нивното учество во ова реформа е со цел транспарентност во сите постапки, а со цел, како што нагласуваат, подобро функционирање на самата институција и државата во целина.

М-р Горан Ристески
М-р Горан Ристески

– Во врска со најавените реформи изјавени од страна на политичките претставници како грански Независен синдикат на државна администрација каде членуваат вработени од јавната администрација ќе бараме претходно да се изврши обука како преквалификација и да се бара согласност од членовите за да бидат преземени во други сегашни или новоформирани институции. Независниот синдикат ќе бара учество на наши синдикални претставници со цел транспарентност во сите постапки а со цел подобро функционирање на самата институција и државата во целина, изјави за „Фронтлајн“, М-р Горан Ристески – претседател на Независен синдикат на државната администрација.

Новото парламентарно мнозинство предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе мора да укине 130 државни институции за да го реализира планот за реформи во јавниот сектор. Тоа значи дека над 16 илјади вработени мора или да се отпуштат од работата или да бидат префрлени во приватниот сектор.
Планот на ВМРО-ДПМНЕ е и реорганизација на министeрства. Првата клучна промена е парламент со 90 пратеници, наместо 120, и реформа во изборниот законик со која земјата ќе биде една изборна единица.

Другите промени се однесуваат на реорганизација на министерства и институции. Се проектира Министерство за енергетика рударство и минерални суровини, досега тоа бил еден сектор во Министерството за економија. Се планира досегашната Агенција за млади и спорт да биде трансформирана во Министерство за спорт, а секторот млади да влезе во Министерство за социјална политика, демографија и млади. Ресорот труд да влезе во Министерство за економија и труд, а оттаму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација ќе биде министерство за дигитална трансформација. Во моментов Владата ја сочинуваат вкупно 16 министерства и 20 министри.

„За 10% е ветувано од ВМРО ДПМНЕ дека ќе се намали бројот на јавни институции, се предвидува укинување на позицијата заменик директор, како и намалување на управните и надзорни одбори и бројот на учесници во нив“.

Но, што е по приоритет за државната администрација, департизација или реорганизација?

Ќенан Алиу

Правникот Ќенан Алиу вели дека не е можно реорганизација на државната администрација без нејзина департизација.

– Патот на интеграцијата на земјата во ЕУ вклучува стандарди за нејзината организација и тие ќе треба да се исполнат. Значи, не е спорно државните службеници да имаат свои политички убедувања, но тие не можат да се изразат при извршување на службената должност, а уште помалку ако се клиенти уценети од партијата за која се вели дека ги вработила. Ова предизвикува корумпирана, па дури и непрофесионална администрација. Ниту еден закон не може да ја направи оваа реформа освен колективната свест на општеството, изјави Алиу за „Фронтлајн“.

Тој истакна дека државната администрација е слуга на граѓаните во спроведувањето и почитувањето на позитивните закони.

– Ништо повеќе и ништо помалку. За ова треба да биде награден со месечна плата за да има достоинствен живот со семејството, подвлече тој.

Во јавниот сектор активни се вкупно 1.371 институции, вклучително и министерствата, во кои активно се вработени 128.879 луѓе, според Регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација. Ако на ова бројка се додадат и оние кои се вработени со договор на дело – бројката доаѓа до околу 160 илјади.

Намалување на 10 проценти на јавниот сектор, како што ветува ВМРО-ДПМНЕ, во пракса треба да значи укинување на 137 институции и отпуштање на околу 16.000 вработени.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

администрација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.