Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што мислат можните кандидати-претседатели на САД за Сирија?

0
By Нова ТВ on September 5, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Евентуалните кандидати за претседател на САД на изборите 2016 година треба само да ги слушнат зборовите на секретарот Џон Кери, кој од ставот на претседателот Барак Обама околу Сирија, направи потсетување на опасностите од гласање ЗА војна.

Гласањето на Кери од 2003 година да се одобри војна во Ирак, беше парадокс на неговата анти-воена порака кога се натпреваруваше против претседателот Џорџ Буш во 2004.

Тој подоцна се обидуваше да каже дека гласал за претходна верзија на Демократите за дополнителни присвојувања за војната, на што Републиканската верзија се противеше. Тој од страна на Републиканците беше означен како „преметнувач“ и потоа ги загуби изборите.

Примерот на Кери е многу важен за кандидатите во 2016 година. Воен напад против режимот на Сирија може да дејствува како ефективно заплашување против употреба на хемиско оружје.

Републиканецот, во моментов сенатор, Ренд Пол смета дека би било навредливо доколку Обама лансира напад врз Сирија ако Конгресот гласа против, и смета дека би било голема грешка доколку САД се замеша во граѓанската војна во Сирија. Ризикот со кој Пол се соочува е ако Обама одлучи да се нападне Сирија, тоа да финишира успешно.

Уште еден од Републиканците, сенаторот Марко Рубио пак, веќе неколку месеци бара од американскиот претседател да дејствува во Сирија.

„Она што сега го гледаме е доказ дека кога САД ги игнорира проблемите, проблемите не не игнорираат нас“, изјави Рубио во четвртокот.

Според сценариото на Пол, сенаторот од Тексас, Тед Круз, го искористи конфликтот околу Сирија како можност да го „оцрни“ Обама на карактеристичен начин. Круз во вторникот изјави дека САД не треба да стане „воздухопловни сили на Ал Каеда“, што алудира на фактот дека воен напад на САД би можел да им помогне на сириските опозициони групи, кои имаат врски со терористичката мрежа.

„Вол Стрит Џурнал“ пишува дека доколку Конгресот го одбие барањето на претседателот, сенаторот од Тексас и другите Републиканци кои побараа овластување ќе сносат непропорционален дел од одговорноста.

Поранешната секретарка на САД, Хилари Клинтон беше прилично воздржана по прашањето за Сирија се до четвртокот, кога нејзиниот асистент пред медиумите изјави дека таа ги подржува напорите на Обама во убедувањата да се одговори на режимот на Асад околу употребата на хемиско оружје.

Брус Ридел од Институтот Брукингс, изјави дека Клинтон е во дилема „веројатно“ поради изгубената трка во 2008 година кај Демократите, и Обама кој зборуваше за глупави војни сега ја стави во положба да бира, или е со него или против него.

Демократот и потпретседател на САД, Џо Бајден е ЗА напад на Сирија уште од моментот кога се појавија вестите за употреба на хемиско оружје.

„Несомнено е кој е одговорен за хиенските злоупотреби на хемиско оружје“, изјави Бајден минатата недела, напоменувајќи дека Асад мора да одговора.

Шансите на Бајден во 2016 година би зависеле од ефектот на кампањата против сиријскиот претседател Башар ал-Асад.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.