Што се може да се направи со парите што се дадени за рингишпилот на скопскиот плоштад, или за споменик каков што е “Прометеј“?
Плоштад Слобода од вчера ја почна серијата настани, насловени како “Скопје 2014 Прошетки (низ Центар)”.
Секој ден во 18 часот, граѓаните застануваат пред некој споменик или објект од Скопје 2014 и кажуваат за што, во држава како Македонија, би требало да се потрошат парите на граѓаните наместо на спомениците од Скопје 2014.
Прашањето што Плоштад Слобода го поставува е: Што би направил/а за толку пари колку што чини еден споменик од СК2014?
По вчерашниот Рингишпил најновото од Скопје 2014, кој чини повеќе од 160 илијади евра, денеска се продолжува со Прометеј. Споменикот кој чини 2.3 милиони евра.