НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што направи МОФ за 14 години постоење?

0
By Нова ТВ on July 9, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младински образовен форум (МОФ) и се обраќа на јавноста по повод обидите за дискредитација на активностите, трудот и резултатите на во моментов една од најголемите организации во Македонија, објавени од веб порталите Денешен и Курир и националната телевизија Сител.

Што направи МОФ за 14 години постоење? Зошто МОФ не се срами од своите постигнувања? Зошто МОФ денес е една од најбројните организации во државата, во друштво со Сојузот на извидници на Македонија и Црвениот крст на Македонија? Зошто МОФ транспарентно ги објавува своите годишни, наративни, финансиски и ревизорски извештаи на својата веб страна? Кого сме критикувале, со кого сме соработувале, кој не поддржувал и кој прошол низ МОФ во изминативе 14 години?

Сумарните податоци говорат дека за 14 години постоење, во клубовите на МОФ членувале повеќе од 25.000 млади, а преку јавните активности на МОФ е остварен опфат на повеќе од 100.000 граѓани и млади. МОФ беше мета на обвинување и на оваа и на претходните влади во периодот 1999 – 2013 година, секогаш заради своите аргументирани и конструктивни акции кои беа во одбрана на младите во Македонија.

МОФ работи според своја стратегија за работа за периодот 2011 – 2014 година и нема да прифати етикети дека е извршител на нарачани партиски политики. Напротив, партиите никогаш не ни биле омилени.

Kај МОФ постои постојаност (константа) во лоцирањето на проблемите во образовниот систем и борбата за заштита на правата и интересите на младите во рамките на тој систем и во рамките на младинското претставување и политики. МОФ критикувал политики и потези на повеќе влади. Но, денес МОФ е под најжесток напад и омаловажување од одредени медиуми само затоа што го критикуваше концептот на екстерното тестирање и ги изнесе аргументите добиени од инволвираните страни.

Погледнете дел од фактите кои говорат за работата на МОФ:

1999 година

Се основа организацијата, под името “Дебатери”, како прва и единствена организација која ја спроведува Дебатната програма во Македонија, а во исто време станува и членка на Светската дебатна едукативна асоцијација – ИДЕА. Од 1999 година, до денес, во дебатните клубови на МОФ ширум државата членуваа повеќе од 12.000 средношколци и студенти кои преку едногодишни обуки добија вештини за критичко размислување и аргументирано говорење.

МОФ организираше повеќе од 30 национални и меѓународни дебатни првенства, ја претставуваше Македонија на повеќе од 50 светски, европски и други меѓународни дебатни натпревари, секаде по уставното име Република Македонија, организираше повеќе од 300 јавни дебати за сериозни општествени прашања за државата. Во дебатните клубови на МОФ членуваа актуелни и поранешни пратеници во Собранието на Република Македонија, директори на државни институции, како и поранешен Министер за образование и наука, претставници на власта и опозицијата.

2000 година

Организацијата се преименува во Младински образовен форум, а кон неа се приклучува и програмата Учиме право, преку која повеќе од 9.000 средношколци и студенти од Македонија добија знаења и вештини за заштита на нивните основни граѓански права и слободи. Во рамките на Учиме право, МОФ организираше повеќе од 100 посети на државни и локални институции со цел младите да се запознаат со работата на надлежните власти, како и повеќе од 100 симулации на судски процеси, со цел младите подобро да ги запознаат аспектите на правната држава и судскиот систем во Македонија.

2001 година

За време на воениот конфликт, МОФ беше една од ретките организации која летото 2001 година организираше летни кампови на кои млади Македонци и Албанци дискутираа толерантно и аргументирано, додека некои се одлучија “соживотот” да го демонстрираат преку оружје.Кон МОФ се приклучува и програмата “Одлив на мозоци”, во чии рамки во Македонија за прв пат се активираше регистар за македонски граѓани кои ја напуштиле државата заради подобро образование, со цел следење и анализа на нивните понатамошни ангажмани во или надвор од државата. Институциите до денес сеуште не успеаа да развијат систем за анализа на бројот на граѓани кои ја напуштаат државата заради подобро образование.

2002 година

МОФ ги развива своите капацитети и почнува да се интересира за состојбите во високото образование во Македонија, анализирајќи ги монополски поставените сојузи на студенти и високото ниво на присуство на корупција на факултетите во Македонија.

2003 година

МОФ го организира првиот меѓународен дебатен турнир насловен “Скопје Опен”, кој подоцна се преименува во “Македонија Опен”. До денес, на овие меѓународни дебатни турнири учествуваа повеќе од 400 средношколци и студенти од целиот свет, а како покровители на првенствата се појавија Претседателот на Собранието на Република Македонија во 2006 година и Агенцијата за млади и спорт во 2007 година.

2004 година

МОФ е првата организација во историјата на независна Македонија која во јавност го покрева прашањето за постоење корупција во високото образование, преку јавната кампања РЕЗИЛ, за што се соочува со закани и притисоци од тогашниот Ректор на УКИМ.

Во 2004 година, МОФ беше првата организација која спроведе проект за промоција на институцијата Студентски правобранител, тогаш застапувана од актуелниот Декан на Правниот факултет, проф. Борче Давитковски. МОФ реализираше кампања со која ги информираше студентите за постоењето на оваа институција, како и обука за заменици на студентскиот правобранител за сите факултети на УКИМ.

Оваа година, МОФ спроведе и акција за бојкот на изборите за претседател на Сојузот на студенти на УКИМ, заради злоупотребата на својата монополска позиција, што резултираше со 8% студентска излезност на тие избори. И тогаш МОФ беше мета за обвинувања од тогашните студентски “лидери” контролирани од партиите на власт.

МОФ го основа Американскиот едукативен центар, од чии рамки денес функционираат Американското катче во Скопје и Центарот за промоција на образовни програми во склоп на МОФ. До денес, преку овој центар, МОФ администрираше повеќе од 600 апликанти за студии во странство, а додели и повеќе од 70 стипендии на студенти кои беа селектирани од страна на реномирани универзитети ширум светот, како Oxford, Cambridge, University College London, Staffordshire.

2005 година

МОФ за прв пат е домаќин на Светското дебатно првенство кое се одржа во Струга и на кое учествуваа 300 млади дебатери од над 40 земји од целиот свет.

МОФ продолжува да покрева јавна свест за феноменот корупција во високо образование, а преку кампањата “Клоца за корупцијата” нуди и конкретни мерки за искоренување на оваа негативна појава на факултетите.

2006 година

МОФ започнува со истражувачка дејност во областа корупција во високо образование. Како членка на Антикурупциската студентска мрежа на Југоситочна Европа, до денес МОФ има спроведено повеќе од 5 регионални истражувања со кои ги анализира феномените поткуп, мито, препишување, сместување во студентски домови, мобилност и имплементација на ЕКТС.

2007 година

МОФ спроведува петиција за воведување плурализам во студентското организирање, поднесува претставки до Уставниот суд во врска со монополската позиција на Сојузот на студенти и успева да издејствува измени во Законот за високо образование кој денес го гарантира плурализмот во студентското организирање, повторно злоупотребен од Студентскиот парламент. На петицијата на МОФ се потпишаа 11.000 студенти, а провладините медиуми и тогаш се обидуваа да ја дисктредитираат организацијата. Дел од денешните поддржувачи на власта, тогаш ја поддржаа оваа иницијатива на МОФ.

2008 година

МОФ отвора свои младински центри во 14 општини во Македонија, во партнерства со локални невладини организации. Со оваа инцијатива насловена “Локална младинска иницијатива”, МОФ го зголемува својот опфат на корисници, започнува локални младински акции за решавање конкретни проблеми на локално ниво и ги доближува предавањата по Дебата и Учиме право за младите од Скопје, Тетово, Дебар, Кичево, Струга, Ресен, Битола, Велес, Струмица, Штип, Кратово, Делчево, Гевгелија и Неготино.

МОФ застанува во одбрана на Студентското радио кое беше затворено со одлука на Ректоратот на УКИМ.

МОФ поведува кампања “За што плаќаш” со која го канализира револтот меѓу студентите во врска со наплаќањето задолжителната членарина за монополскиот Студентски парламент.

2009 година

МОФ е избркан од просториите на својот младински центар Вавилон Карпош, со одлука на тогашниот В.Д. градоначалник на Општина Карпош. МОФ преку протести се бореше да ги врати овие простории на користење, со цел неформалното образование и активните млади од општината да не останат на улица. Денес, просториите на Вавилон Карпош ги користат пензионери за нивниот шаховски клуб.

Оваа година, МОФ прослави 10 години од своето постоење за што објави краток документарен видео запис.

МОФ продолжува да работи на јакнење на Дебатната програма и на промоција на државата преку организација на меѓународниот дебатен турнир, “Macedonia Open”. Продолжуваат кампањите и истражувањата на теми поврзани со корупција во високото образование.

2010 година

МОФ започнува да реализира обуки за работни вештини, младински активизам и нови медиуми за млади од целата држава, на возраст од 16 до 25 години. До денес, МОФ реализираше повеќе од 100 вакви обуки на кои учествуваа и беа сертифицирани повеќе од 1200 млади. Над 100 млади успеаа да се вработат како директен бенефит од овие обуки.

Во 2010 година, МОФ во рамки на проектот “Младинска независност” опреми 5 младински центри во Скопје, Тетово, Струга, Битола и Штип, со цел да развијат свои младински клубови по Дебата, Медиа и Арт.

МОФ објавува Декларација за промени во студентското организирање, за што успева да добие поддршка од повеќе студентски организации, по што ја основа Платформата за студентски плурализам.

МОФ го организира првото издание на јавниот дебатен настан “Аргумент”, на кој дебатираа пратеници од власта и опозицијата и истакнати граѓански активисти.

МОФ објавува истражување за социјалниот капитал кај средношколците во Македонија и истражување за корупција при доделување студентски легла.

Во 2010 МОФ ја води Правната клиника за слободен пристап до информации од јавен карактер на Правниот Факултет ‘Јустиниан I’ со цел да се истражува квалитетот на образованието во Република Македонија со помош на

Законот за пристап до информации од јавен карактер и да им понуди правна помош на студентите кои се заинтересирани за работењето на нивните факултети.

2011 година

МОФ го лансира првото редакциско интернет радио во Македонија, Радио МОФ. Денес, Радио МОФ има публика од најмалку 30.000 уникатни посетители на месечно ниво, а а досега имало над 600.000 уникатни прегледи на објавите на веб страницата. Младите и новинарите кои стојат позади 50те различни емисии имаат снимено над 1500 епизоди за радиото, а на веб страницата се објавени 2425 текстови, интервјуа, анализи и колумни на младински и општествени прашања.

МОФ ја поведува иницијативата Република Млади, преку која заедно со 60 други младински и граѓански организации реагира на процедурата и содржината на тогашниот Предлог-закон за млади. Владата го повлече овој предлог-закон од собраниска процедура, како резултат на реакциите на младинските организации.

МОФ објавува истражување за корупцијата при уписи на факултетите, а истата година дебатерите до МОФ им покажаа на политичарите како да го пополнат недостатокот од јавна дискусија во државата.

МОФ и оваа година го организираше јавниот дебатен настан “Аргумент” на кој дебатираа пратеници од власта и опозицијата и истакнати новинари од Македонија.

Мофовци го освоија меѓународниот дебатен турнир “Подгорица Опен”.

МОФ учествува во креирање на Државната програмата за превенција и репресија на корупција, во соработка со Државната комисија за спречување корупција, во делот на образование, спорт и медиуми.

2012 година

МОФ е активен на промоција на етичкиот кодекс на државниот универзитет УКИМ, а го финализира и процесот на креирање, усвојување и промоција на етички кодекс на Штуловиот универзитет.

МОФ учествува во иницијативата за основање Национален младински совет на Македонија, заедно со коалицијата Република Млади, Сојузот на извидници на Македонија, Црвениот крст на Република Македонија и Европскиот младински форум.

Започнува проектот Локален волонтерски сервис, каде МОФ во улога на партнер на МКЦ-Битола успева до денес да обезбеди волонтерски ангажмани во државни и локални институции во Скопје за повеќе од 30 млади.

На прес конференција се објавуваат резултати од истражување за поткупот како коруптивна алатка на факултетите во Македонија.

МОФ основа три нови студентски дебатни клубови, во соработка со Правниот факултет, Економскиот факултет и Филозовскиот факултет во Скопје.

Се организира првата конференција за друштвени медиуми и активизам, ENGAGE 2012, на која присуствуваа 200 активисти во публика, а ја проследија повеќе од 500 граѓани преку видео стрим.

МОФ го организира третото издание на јавниот дебатен настан “Аргумент”, со импресивни бројки на публика, а истата година дебатери од МОФ освоија прво место на меѓународен дебатен турнир во Будимпешта.

МОФ започнува да ги администрира Американското катче – Скопје и Американското катче – Штип, со поддршка од Амбасадата на САД во Македонија.

Објавено е првото истражување за состојбата со студентското организирање на УКИМ.

2013 година

МОФ учествува во основањето Национален младински совет, а Дона Костуранова е избрана за потпретседател на новата национална младинска чадор организација. Започнува серија јавни дебати за студентското организирање наречени “Евтини студентски приказни”, а објавен е и првиот документарен видо запис на оваа тема.

Реализиран е првиот фестивал на сатирични вести, “Кромид фест”, како и второто издание на конференцијата за друштвени медиуми и активизам, ENGAGE 2013.

МОФ добива признание за придонес кон граѓанското општество од Општина Тетово.

МОФ објавува резултати од регионалното истражување за перцепции кај студентите за корупција во високото образование, заедно со кампањата “Розово високо”.

МОФ е партнер-организатор на првиот турнир во фудбал меѓу невладини организации, поддржан од Агенцијата за млади и спорт.

Објавено е првото истражување за средношколско организирање и учество во Република Македонија кое открива поразителни резултати за исклученоста на средношколците од процесите на одлучување во своите училишта.

После објавената анализа за начинот на спроведување на екстерното оценување оваа година, МОФ започнува петиција за екстерното да се прогласи за пробно. Токму поради оваа петиција, МОФ станува мета за дискредитација од страна на некои провладини медиуми.

За овие 14 години постоење, во улога на фондации кои обезбедиле финансиска поддршка за реализација на активностите на МОФ:

Фондација Отворено општество – Македонија;
Фондации отворено општество (Њу Јорк, Лондон, Будимпешта);
Амбасада на САД во Република Македонија;
УСАИД;
Eвропска комисија;
OБСЕ;
UNDP;
International Debate Education Association;
EUROPEUM Institute for European Policy;
Германска амбасада во Република Македонија;
Агенција за млади и спорт;
Влада на Република Македонија;
Educational Development Center;
Македонски центар за граѓанско образование;
National Endowment for Democracy;
Pax Christi;
Austrian Development Cooperation;
Х.Е.Р.А.
НВО Инфоцентар;
Општина Карпош;
National Democratic Institute;
Коалиција за правично судење;
Метаморфозис;
Реактор – истражување во акција;
Младински културен центар – Битола;
Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници”;
Balkan Children & Youth Foundation;
Minority Rights Group International;
Шведски хелсиншки комитет за човекови права;
Институт за трајни заедници;
International Organization of Migrations;
Центар за развој на граѓанско општество – Милениум;
Европска младинска фондација;

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.