Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што носи Себастијан Курц во Македонија?

0
By Светлана Јовановска on February 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на австриската диплoматија Себастија Курц денес во Македонија доаѓа во потрага по решение за бегалската криза. Но се уште не е сосема јасно со каков предлог доаѓа Курц: дали ќе се залага за позицијата на Германија, Холандија и Франција или пак ќе застане на страна на земјите од Вишеградската група – Чешка, Полска, Унгарија и Словачка а во овој список може да се додаде и Словенија?

Германија, Холандија и Франција сметаат дека решението за оваа криза е пред се во Турција. Германската канцеларка Ангела Меркел три пати беше во Анкара во обид да ги убеди турските власти дека тие треба да ги држат бегалците кај нив, а земјите на ЕУ да ги земаат директно од Турција оние кои можат да добијат статус на азиланти – пред се Сирија и Ирак. Другите кои се економски мигранти, треба да се враќаат во нивните земји.

Истовремено Турција за ова ќе добие великодушна европска помош од 3 милијарди евра а на границата со Грција и во Медитеранот ќе работат европските гранични агенции и експерти за регистрација и идентикифување на бегалците.

И НАТО доби улога. Тој ќе плови низ Медитеранот, ќе ги спасува бегалците и ќе се бори против шверцерите.

Планот е Вишеградската група минува преку Балканот. Според аналитичарот Гералд Кнаус, овој план е не само опасен туку и неизводлив. За емисијата 360 степени на Алсат тој објасни:

– Идејата Балканот да се претвори во место на кое ќе се стопираат бегалците е себично од страна на Љубљана и земјите од Вишеградската група. Овој план е опасен и не може да успее, ќе го зголеми криминалот во чувствителен регион и ќе го дестабилизира Балканот, вели Кнаус додавајќи дека е важно “Македонија да не биде инструментализирана на смешен и опасен начин кој ќе донесе нова железна завеса на Балканот”.

Според Кнаус, во Австрија канцеларот и социјал-демократите во владата се согласуваат со Холандија и Германија и сметаат дека решението треба да се бара преку Турција. Но друга страна партијата на министерот за надворешни работи – а тоа се демохристијаните – “играат на картата на унгарското решение”.

– Кога Курц ќе дојде во Македонија неговите домаќини треба јасно да му кажат дека оваа граница од 200 км со високи планини и неколку езера, под ниту едни околности не треба да се претвори во нова “железна завеса”. Тоа едноставно не може да функционира а Македонија не може да биде обвинета”, рече Кнаус во 360 степени.

Но во меѓувреме Турција не покажува голема волја да ја послуша Германија. Претседателот Ердоган се заканува дека ќе ги испрати сите бегалци во Европа доколку таа не ги исполни дадените ветувања: брзо праќање на 3 милијарди евра помош но и слободен визен режим за Турција.

На крајот на идната недела во Брисел е закажан вонреден самит. Главна тема требаше да биде Брексит (можно излегување на Велика Британија од ЕУ) но нема сомнение дека бегалците ќе доминираат на овој самит.

Но пред самитот, на 15 февруари, четирите земји од Вишеградската група закажаа состанок на ниво на шефови на држави на кој се поканети само уште македонскиот претседател Ѓорге Иванов и српскиот премиер Александар Вучиќ. Целта е токму на билатерално ниво со македонската и српската држава да се договори заштита на ЕУ-границите и на Шенген-зоната.

Оттука, важно е да се чуе која порака денес во Македонија ја носи Себастијан Курц.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.