Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што после вчерашниот масовен протест на Шарената револуција?

1
By Нова ТВ on June 21, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Притисокот кон власта ќе продолжи, но конкретните чекори  во следниот период не ги откриваат ниту опозицијата ниту Шарената Револуција. Иако одбројувањето на демонстрантите заврши, барањата упатени до власта не се исполнија.

Ултиматумот кој гласеше – Уставниот суд да се изјасни за уставноста на СЈО, да прекине полицискиот прогон на демонстрантите и да се формира техничка влада за спроведување фер и демократски избори, истече на 18. јуни. Три дена подоцна, Судот се уште нема во план да ја стави на дневен ред Иницјативата за СЈО. За двајца демонстранти се уште постои опасност од казна затвор за демолирање на канцеларијата на Иванов, а не е договорен ниту датумот за избори, ниту Влада која би ги спровела истите.

Токму поради ова, учесниците на Шарената револуција велат дека власта ќе се соочи со различни форми на притисок понатаму, а идните чекори се координираат.

-Продолжуваме да бараме што погласно учество во решавањето на политичката криза и ќе ги применуваме сите форми на граѓански притисок. Ова форми не мора да подразбираат протести, може различни други граѓански реакции. Има активности кои не бараат голема бројка, но засега не би можел да откријам што понатаму, вели активистот Павле Богоевски.

pavlence

Од СДСМ велат дека опозицијата е на иста линија со Шарената револуција и ќе ги поддржи сите нивни идни активности. Освен тоа тие велат дека ќе ги преземат сите институционални и вонинституционални можности за делување, но најава за конкретни чекори нема ни оттаму.

-Шарената Револуција секако дека ќе изнајде начини да ги димензионира активностите и покрај летниот период и високи температури. Ние како опозиција ја даваме максималната поддршка и ќе се обидеме да ги искористиме сите институционални и вонинституционални механизми за исполнување на барањата кои ги сметаме за целосно легитимни. Освен тоа, тука се и нашите барања во делот на избори, значи медиумска регулација и прочистување на Избирачкиот список и сигурно дека опозицијата ќе делува на соодветен начин, вели  пратеникот  од редовите на СДСМ Стефан Богоев за НОВА.

BOGOEV

По завршувањето на рокот до ултиматумот, Шарената револуција вчера го одржа најмасовниот протест по речиси два месеци константен притисок од улица. Освен максималното количество на боја, демонстрантите се обидоа да го срушат и споменикот на Прометеј спроти Собранието, но во таа акција ги спречи полицискиот кордон.

Ваквиот протест денеска владејачката партија го квалификуваше како анархија предизвикани од платените хулигани на СДСМ и Сорос. Пред неколку дена и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати порака до шарените оти „народот вриел“ и дека не знае уште колку ќе можел да ја контролира ситуацијата.

Шарената револуција му возврати на Груевски дека е точно оти народот вриел, но како што велат тие, единствено врие од неговото, „диктаторско движење”.

– Верувам дека Груевски нема да ја може да ја контролира ситуацијата само ако тоа тој го сака. Сигурен сум дека на народот му врие, ама му врие од неговото диктаторско движење. Јас не би повикал никого да ни се приклучи, бидејќи тоа е индивидуална одлука, но би им ги поставил на сите граѓани следниве прашања: Aко не ние, кој? и ако не сега, кога?, прокоментира активистот Павле Богоевски за НОВА.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.