Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што порача Меркел со приемот на Нимиц?

0
By Борјан Јовановски on November 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неочекувано и ненајавено во Берлин канцеларката Меркел се сретна со медијаторот Метју Нимиц. По средбата меѓу неформалниот европски лидер и еден дипломат во пензија кој волонтерски е ангажиран да помогне во спорот за името како претставник на генералниот секретар на ООН, уште понеочекувано уследи соопштение од германската влада.

Во соопштението стои дека Меркел и Нимиц се согласиле дека „пречките доколку постои соодветна политичка волја во главните градови Атина и Скопје, би биле надминливи“. Меркел го уверила Нимиц дека германската влада ќе продолжи да го поддржува во неговата натамошна работа.

Германската влада исто така во своето соопштение нагласува дека „како ЕУ, така и НАТО повеќепати едногласно одлучија дека решавањето на спорот за името во заемна согласност е предуслов за почеток на пристапните преговори за прием со ПЈРМ“.

Со последниот став во изјавата јасно се става на знаење дека Грција не е таа која ја блокира Македонија и дека со неа заедно се сите земји членки на ЕУ и НАТО. Воедно оваа изјава на Меркел им става крај на сите иницијативи за ефектуирање на пресудата од Хаг во насока Грција да биде приморана да се согласи со прием на Македонија во НАТО и старт на преговори за ЕУ под референцата ФИРОМ.

Целиот процес на решавањето на проблемот со името од оваа средба на Нимиц со Меркел добива нова динамика и квалитет.

НОВА разговараше со неколкумина познавачи на проблемот.

Според професорот Денко Малевски издејствувано е ангажирање на Германија во спорот
што инаку тешко се добива вели, Малевски.

„Директниот ангажман на Германија тешко се добива било каде во светот поради традиционалната претпазливост на германската дипломатија. Фактот што по средбата владата во Германија истапува со вакво соопштение зборува за интересот на Германија но и за нејзиниот став дефиниран во завршните редови на соопштението. Германија на овој начин пред се става до знаење дека презема голема одговорност за здравјето на сојузот, како на ЕУ така и на НАТО”, вели професорот Денко Малевски.

Професорот Јове Кекеновски вели дека тој очекувал ваков ангажман на влијателните меѓународни фактори.

„Стојам на ставот дека до крајот на оваа година ќе мора да се случи нешто. Мора да се дефинира рамка за финализирање на спорот која ќе биде гаранција дека ќе се постигне компромис. Воедно таа гаранција треба да овозможи на Македонија да и се даде зелено светло за старт на преговори“, вели Јове Кекеновски. Според него ова е силна порака не само како канцеларка туку и како лидер на Европската народна партија која е важна позиција за Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

И професорот Стево Пендаровски смета дека во Берлин е донесена одлука за вклучување на германската дипломатска машинерија.

„Мислам дека ова покажува оти Германија го презема кормилото во решавањето на тешките прашања како што направи со српско-косовските односи. Вака експлицитно изразен став од вака високо ниво немало во историјатот на процесот на решавањето на спорот за името. Од реториката на соопштението јасно е дека Германија нема да се разликува во однос на проблемот со името од она што е колективен став на ЕУ и НАТО“, вели професор Пендаровски додавајќи дека нема повеќе никави илузии за тоа дека е можно да се заобиколи овој проблем.

За разлика од Малевски, Кекеновски и Пендаровски амбасадорот Никовски има радикално поинаков став. Тој смета дека со оваа изјава Берлин и особено Вашингтон се ставиле надвор од меѓународниот поредок каде дејствуваат само терористите.

„Ова средба на Нимиц со Меркел не изненадува. Таа потврдува дека Берлин е една од главните пречки за интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО. Факт е исто така дека после самитот на НАТО во 2008, Нимиц е во функција на ЕУ за решавање на ова горчливо прашање. Така бидејќи покрај другото пресудата од Хаг им види како Дамоклов мач на Берлин и особено на Вашингтон. Со игнорирањето на оваа пресуда тие се ставија надвор од меѓународниот поредок каде освен нив се и терористите. Тешко е да се очекува дека Берлин ќе го промени ставот кој се сведува на одолговлекување на проширувањето на ЕУ. А жртва на таа политика е Македонија”, вели амбасадорот Ристо Никовски.

Нимиц е во Европа и не е исклучено деновиве да го видиме на слика и со друг значаен меѓународен фактор. Во секој случај, грчко-македонскиот спор по 20 години влечкање низ дипломатските кулоари влегува во критична фаза во која ништо нема да биде како порано.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.