Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што сè ќе се смени во В. Британија по смртта на кралицата?

0
By Sashko on September 9, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од ново лице на банкнотите и поштенските марки до текстот на националната химна, Британија ќе претрпи одредени промени по смртта на кралицата Елизабета Втора и преземањето на тронот на нејзиниот син Чарлс Трети.

Зборовите на британската национална химна, која потекнува од 18 век, ќе се сменат од „Боже чувај ја кралицата“ во „Боже чувај го кралот“.

Според веб-страницата на кралското семејство, химната била напишана во екот на патриотскиот занес по победата на принцот Чарлс Едвард Стјуарт над војската на кралот Џорџ Втори во септември 1745 година во Шкотска.

„Боже чувај го кралот“ била патриотска песна за првпат јавно изведена во Лондон во 1745 година, а станала позната како Национална химна на почетокот на деветнаесеттиот век.

Вообичаено се пее само првата строфа која сега ќе гласи: „Боже чувај го нашиот милостив крал! Да живее нашиот благороден крал! Боже чувај го кралот! Дарувај го со победа, среќа и слава, долго нека владее над нас, Боже чувај го кралот!“.

На новите монети и банкноти ќе биде ликот на кралот. Старите монети и банкноти ќе останат во оптек додека со време не бидат заменети.

Кога монархијата била обновена во 1660 година, по десетгодишната република на Оливер Кромвел, станало вообичаено монархот да го врти лицето во спротивна насока од неговиот претходник.

Кралицата Елизабета гледала десно, па Чарлс Трети ќе гледа лево. За време на долгото владеење на Елизабета, на монетите се користени пет нејзини различни портрети.

Ќе се менуваат и поштенските марки, така што на нив ќе биде прикажан портрет на новиот крал.

Промени ќе претрпи и кралската „шифра“, монограмот што го користи монархот и кој моментално се состои од печат на кој пишува „EIIR“ под круната на Свети Едвард.

Овој монограм може да се најде низ Британија и се појавува на сè, од црвени поштенски сандачиња до полициски униформи. Според традицијата, со новиот крал се менуваат и монограмот и кралскиот грб.

Сепак, монограмите ќе се појавуваат само на новите поштенски сандачиња, така што тие на кралицата ќе останат илјадници ширум земјата, исто како што останаа многу од претходните монарси кои беа поставени пред нејзиното крунисување.

Ќе се сменат и титулите. Угледни пратеници ќе станат членови на Советот на кралот наместо на Советот на кралицата, а титулите што користат „на кралицата“ ќе се променат во „на кралот“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.