Со 2, 3 милиони евра колку што чини скулптурата на Прометеј во „Жена парк“ може да се направи фонд за пелени за новороденчиња, за посиромашните семејства, беше еден од предлозите за тоа како можеше да се потрошат 2 милиони и триста илијади евра колку.
Плоштад Слобода ја почна серијата настани, насловени како “Скопје 2014 Прошетки (низ Центар)”.
Секој ден во 18 часот, граѓаните застануваат пред некој споменик или објект од Скопје 2014 и кажуваат за што, во држава како Македонија, би требало да се потрошат парите на граѓаните наместо на спомениците од Скопје 2014.
Прашањето што Плоштад Слобода го поставува е: Што би направил/а за толку пари колку што чини еден споменик од СК2014?
По Рингишпилот, најновото од Скопје 2014, кој чини повеќе од 160 илијади евра, по Прометеј, споменик кој чини 2.3 милиони евра, денеска ова прашање ќе се постави пред споменикот на Филип.