Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што се случува во Сирија?

0
By Светлана Јовановска on September 2, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Навистина ли сите станавме специјалисти за ситуацијата во Сирија? Социјалните мрежи и форумите се преполни со спротивставени мислења – треба ли или не да се интервенира во Сирија. По примерот на многу светски медиуми и НOВА со анализа каде се корените на конфликтот, што точно се случува во Сирија, какви се плановите на меѓународната заедница и да одговори на прашањата кои си ги поставувате на оваа тема.

Како почна кризата?

На почетокот на “арапската пролет”, во декември 2010 година, сирискиот претседател ја убеди меѓународната заедница дека неговата земја нема да има последици од настаните во соседството.

Но, социјалните мрежи повикуваат, неколку дена подоцна, на манифестации низ целата земја чија цел е воведување на повеќе слобода во Сирија. Овие повици набрзо се угушени од политичката полиција “мукабаратс”.

Меѓународната заедница почнува да го критикува режимот но Сирија одлучува да направи чекор напред и дозволува пристап на социјалните мрежи за прв од 2007 година. Сепак, неколку дена подоцна една блогерка е уапсена и осудена на 5 години затвор и започнува отпор кон режимот во Дамас во кој се бара “Сирија без тиранија, без ургентни закони и без посебни судови”.

Први жртви на конфликтот

Во март паѓаат и првите жртви. Режимот почнува да користи вистинско оружје при нападот на манифестантите врз седиштето на Баас, партијата на власт и 50 лица се убиени во еден ден. Слични сцени се појавуваат и во други делови на земјата и крвавите слики се појавуваат во светските медиуми.

Во април ал-Асад и се обраќа на нацијата со една единствена порака: сето тоа е заговор на меѓународната заедница против Сирија.

Набрзо 200 члена на Баас даваат оставка како протест на насилствата против населението.
Во јуни 13 годишните Хамза Ал-Катиб е измачуван и убиен затоа што учествувал на манифестациите по што илјадници Сиријци излегуваат на улица. Претседателот бара истрага и предлага генерална амнестија но манифестантите не му веруваат на шефот на државата. Хуман Рајтс Воч излегува со извештај дека во Сирија се случува злосторство против човештвото. Манифестациите на престануваат.

Опозицијата добива вооружена група

Една група офицери во август се одвојува од сириската армија и ги признава злосторствата на режимските трупи креирајќи на Сириската слободна армија (ССА). Стотици други војници и се придружуваат па влегувањето на професионалци го претвора мирниот револт во граѓанска војна. И режимската армија и ССА вршат злосторства.

Како делува меѓународната заедница на почетокот

Потоа на сцената влегуваат ООН. Петнаесет члена на Советот за безбедност, заедно со Кина и Русија, ја осудуваат употребата на сила против цивили. Ова е прв пат да се дојде со едногласност за Сирија.

Есента и соседите и вртат грб на Сирија. Меѓународната пресија се засилува па Саудиска Арабија и Египет не ја одобруваа репресијата повикувајќи ги своите амбасадори.
Првиот обид за Резолуција во ООН пропаѓа поради противењето на Кина и Русија кои сметаат дека не смее да има мешање во вантрешните работи на една земја.

На сцена влегува Арапската лига и Сирија прво ги прифаќа предлозите за крај на насилствата. Но, опозицијата смета дека градот Хомс, кој сега е центар на револуцијата, е цел на напади и се обидува да го информира светот за ситуацијата во овој град.

На почетокот на 2012 година убиен е француски новинар во Хомс во едно бомбардирање. Властите ова го признаваат велејќи дека станува збор за грешка при нападот. Во ООН повторно владее незадоволство поради ветото на Кина и Русија за да се осуди насилството.

Бројот на жртвите расте

Во мај 108 жртви се убиени во Хула, а од нив 49 се деца. ООН успеваат да испратат 300 набљудувачи во Сирија но набрзо насилствата се засилуваат и ООН ја напушта земјата.
Набрзо и градот Алеп е разрушен откако паѓа во рацете на опозицијата.

Првите сомненија за употреба на хемиско оружје

Во октомври се раѓаат првите соменија за користење на хемиско оружје. Истовремено меѓународната заедница ја признава опозицијата како легитимен соговорник во Сирија.

Во декември авијацијата на режимот убива 60 цивили кои чекаат ред за леб во Халфаја, а утредента сличен напад има и во Хомс. Жртвите тврдат дека режимот користи хемиско оружје.

На почетокот на 2013 година високиот претставник на ООН тврди дека 60.000 жртви се паднати во Сирија, а практично истовремено ал-Асад најавува дека нема намера да ја напушти власта.

Регионализација на конфликтот

Во ноември пет жртви се убиени во едно село на турско-сирската граница и Турција, која ја поддржува опозицијата, испраќа бомба на сириска територија.

Моќниот Израел влегува во конфликтот со авионски напад против Сирија со оправдување дека Сирија им дава оружје на либанскиот Хезбола. Вакви напади се случуваат и во мај. Пред две недели се случија два атентати во Либан кои покажуваат дека конфликтот се шири во регионот.

За Обама пречекорена е црвената линија

ООН бараат од Дамаск да одобри истрага за употребата на хемиско оружје и од страна на армијата на режимот и од страна на опозицијата. А ЕУ одлучува да го прекине ембаргото за испраќање оружје во Сирија кое е на сила веќе две години. Во јуни САД исто така им се приклучуваат на Франција и Велика Британија и информираат дека за употребата на хемиско оружје. За Барак Обама црвената линија е пречекорена. Обсерваторијата на Сирија за човекови права информира дека 100.000 жртви и околу 2 милиони бегалци се паднати во конфликтот.

ООН доби дозвола од Дамас да ги испита местата од каде постојат сомненија дека било употребена хемиско оружје но набљудувачите стравуваат дека трагите се избришани, се сомневаат САД.

САД и Франција најавуваат дека се спречни да интервенираат во Сирија. Велика Британија не доби дозвола на својот парламент за учество во интервенцијата, Германија исто така не учествува. Русија на тоа се противи а без дозвола на ООН.

Се подготвува ли САД заедно со Франција на интервенција?

Без поддршка на целата меѓународна заедница американскиот претседател Барак Обама влегува во широка кампања за да ги убеди скептичните конгресмени да гласаат напад врз Сирија. Откако Обама одлучи да ги одложи нападите и да бара согласност за Конгресот, во Сирија претседателот Башар ал-Асад изјави дека неговата армија може без проблем да одговори на нападите.

Денес и утре Обама и потпредседателот Џо Бајден ќе им телефонираат на членовите на Конгресот и Сенатот, вели претставник на Белата Куќа.

„Нашиот агрумент е фундаментален: ако не направиме ништо против ал-Асад, разубедувачката сила на меѓународното противење на употребата на хемиско оружје ќе биде намалена и може да ги охрабри ал-Асад и неговите сојузници Хезбола и Иран кои ќе видат дека флагрантото нарушување на меѓународните норми останува без последици”, велат во Белата куќа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.