Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што со оние кои молчеа досега?

21
By Биљана Секуловска on June 10, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Навистина, што со оние кои молчеа сиве овие 11 години, додека владееше Никола Груевски и она што го создаде од оваа земја, груевизмот. Примитивизмот, стравот, кукавичлукот, мизеријата која ги обвитка луѓето, пајажината ги покри нивните усти, пердето нивните очи, валкани течности нивните уши.

Што со тие луѓе, кои кога ви пружаа рака и ви се претставуваа како интелектуалци, тоа им го дозволуваше професијата, дипломите, престижните училишта, културниот капитал пред се, кој гласно извикуваше низ годиниве- дека тој е наспроти се што тие претставуваат и дека се срами од нив.

Мартин Пановски, сега претседател на Сојузот на архитекти- еден од ретките архитекти кој гласно говореше за Скопје 2014 

Игнорантни, лукави, подмолни, мали и ништожни тогаш, а сега, е, сега, тие се повторно во игра, картите им се поделени, тие се рамноправни учесници во таа наша заедничка игра во која соживотот со нив мора да се подразбира.

Тие се седнати заедно со понижените, засрамените, малтретираните. Тие се еднакви со нив, со нас, со светот, како ништо да не било, како тие да не биле- тие, тивки, бесчујни, расипано неми.

Протест на Професорски пленум

Тие, самопроглаените интелектуалци, кои глумеа скромност и така ја објаснуваа свјата мочеливост, тие, морални инвалиди, крвопии на луѓето со слободарски дух кои изгубија углед, почит, чест, затоа што беа унакажувани, поткажувани, посрамувани, токму тие таканаречени интелектуалци, безбедни во глувчешката дупка, сега имаат еднаква, а можеби и подобра шанса од оние на кои им ја цицале крвта, не мрднувале со прст за одбрана, за да се спротивстават, за да проговорат.

Екс- претседателката на Сојузот на архитекти, Даница Павловска- Циги, една од ретките која без страв говореше за Скопје 2014

Да кажеа барем- не, јас не се согласувам со груевизмот, со неправдата, со очајот околу мене, кој ме притиска, кој не ми дава да заспијам, да се разбудам не посакувам заради него, да живеам така повеќе не можам. Тогаш кога се лустрираа врвни интелектуалци, починати великани како Славко Јаневски, тогаш кога се навредуваше најголемиот- Блаже Конески.

Храбри и гласни: Уранија Пировска, Кочо Андоновски, Ирена Цветковиќ и Славчо Димитров

Дали сега треба да проговорат, да дебатираат, да се пенават и да ја вадат сета артилерија со која распололагаат? Професијата, дипломите, престижните училишта, културниот капитал кој се срамеше и потонуваше вземи од срам заради нив?

Наспроти високите тонови на Професорскиот пленум, контра-професорска средба со Груевски

Секако да, нека грмат, нека го креваат во воздух секој амфитеатар, секоја прашлива улица, секое гранапче и сокаче, онаму каде што се водат главните дебати на оние кои не можат да преживеат, оние кои се врткаат околу ѓубриштата тогаш кога ќе зајде сонцето, кога ќе им ги гледаме само сенките и ќе ги препознаваме бившите служители, учители, чиновници, обични луѓе кои претходно, тогаш кога ги носеле професиите со достоинство,  прават една земја да биде држава и еден живот- да помине со леснотија и убавина.

Храбрите активисти на Плоштад Слобода

Никој нема против тие морални инвалиди, таканаречени интелектуалци, сега да проговорат и да почнат и течно да говорат. Она што сепак е тешко за нив е само едно нешто- не знаат дали ќе има ли кој да ги слушне, да им се насмевне, да ги погледне со милост.

 

Тоа ќе дојде само тогаш- ако некогаш покажале срам, но, но, што да се каже освен дека тој срам никогаш и никаде не бил виден, ниту чуен. Тие, самопрогласените интелектуалци сега се во играта, рамноправни со оние кои претходно се бореа со насмевка, покажуваа милост, дури и тогаш кога губеа углед, чест, работа, финансиска сигурност.

Марко Кабранов, активист, дел од Плоштад Слобода

Се разбира, добредојдени се сега да говорат оние кои немо одобруваа да се рашири груевизмот, како октопод, пипците да ги обвитка и нив, и тие да станат дел од тоа канцерогено тело, сите оние професори, дипломати, судии, новинари, писатели, академици.

И навистина, што со оние кои молчеа досега?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.