Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што создава психоделичен ефект во земјава денес?

0
By Marija Todorovska on March 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мицковци тврдат дека биле проевропска партија, а нивното тврдење го базираат на изјавите на Пендаровски од типот: „… и ако се промени власта, курсот на земјата ќе остане проевропски“, така смета Пендаровски. А, јас, ете, така не сметам. И зошто не сметам така, ќе се обидам да образложам во зборовите кои следат.

Кога нешто не сакаш да направиш, затоа што не можеш, или имаш намера да направиш нешто спротивно од тоа што во јавност го зборуваш – секогаш е добро да се повикаш на „високите морални начела“, a тоа, нели, се Европските начела.

Имено, Мицкоски не е европски човек, а неговата политика е уште помалку европска. На што ги базирам овие тези: на милион факти и докази. Прво, не дозволија малцински народ да влезе во Уставот, а со тоа не дозволија уште неколку малцински народи – кои се изјаснуваат спротивно од македонскиот – да влезат и бидат дел од целата општествена заедница. Второ, на Бугарите, поточно на малцинските Бугари правеа двегодишна кампања со говор на омраза, а огромен број високи функционери во таа партија имаат двојни пасоши, поточно имаат бугарски пасоши. За таквиот гест тие би рекле: не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам.

Оттука, политиката на Мицкоски не е за инклузија, поточно за вклучување на малцинства, ами напротив – за исклучување кое ќе се базира на негативна селекција. Тука „европеецот“ Мицкоски паѓа на тестот.

Нивната политика, попатно, се базира на лага, а не на вистина. Вака ја разбираат тие политиката: политиката е игра на паралогизми и софизми, а никако како дел од вистината. Паралогизмот е, да се потсетиме, намерно погрешен заклучок, за разлика од софизмот, кој семантички означува намерно лажење.

Исходот на паралогизмот и софизмот е различен: паралогизмот води кон паѓање од власт и пад на рејтингот, додека софизмите те носат на власт и на власт те одржуваат.

Лажните анкети на Мицкоски преку некаков извесен „Влајко“ докажуваат дека неговата партија води, а тоа е еклатантен пример за паралогизам. Како што е и целата планина од заклучоци до кои нивната партија дошла: од тоа дека ќе воведеле зелени агенди и артифициелна интелигенција, до бришење на земјиштата на кои во моментот се поставени фотоволтаици за сончева енергија. Лажеа за потписите на нивната кандидатка Гордана Силјановски, за која велеа дека „народот само за неколку часа даде глас за нашиот кандидат“, а во реалноста изборот на Силјановска (како личност, како персона!) има многу мала поддршка и набој, не собрале автентични потписи од граѓани, поточно за неа гласале само нивните пратеници. Ама ете, тие се убедени во софизмот дека „само што не победиле“ и „само што Силјановска не станала нивни претседател на државата“.

Нашата „патриотска“ десница Северна Македонија начисто ја поремети; таа денес е земја од онаа страна на формалната логика. Ако се послужиме со „наркотични метафори“, би можеле да речеме вака: реалноста која што ја заговара ВМРО-ДПМНЕ е кокаинска: сила, брзина, бруталност, илузија на семоќта. Или сликовито објаснето: Тони Монтана во филмот „Скарфејс“, со три кила бело на неговата работна маса.

Мислите дека претерувам? Еве и ова ќе се обидам да го образложам, верувам дека ќе бидат многу читатели зачудени и констернирани. А во деновите кои доаѓаат, времето ќе каже дали сум бил во право или не.

Првото прашање се поставува: како е возможно да тврди такви работи кога ДМПНЕ ја нема извршната власт? Стигнува одговор во редовите кои следат.

Од податокот кој вели дека Северна Македонија ќе влезе во Европската Унија 2030 година, никој не може да претпостави дека така ќе биде. За ова да се случи, многу фактори се во игра. Граѓаните на оваа земја, пак, мислат, дека ако се интегрираме во ЕУ, тоа за нив значи подобар живот со повеќе пари, а не значи на пример – Европски вредности. Едноставно мислат дека ако се интегрираме во Европа ќе живееме подобро и само имаме повеќе пари.

Така мислат и оние кои ги делат Путиновите „вредности“. Така мислат и оние кои „веруваат“ во Саудиска Арабија или Иран.

Единствено што може вратата да ја отвори во Европа, вклучително и да се избори за Европските вредности, тоа е нашата македонска Социјалдемократија. А нивните главни конкуренти ниту се за Европа, ниту се за влез во таа врата. Ова е вистина, а државите не ги водат фолклорни друштва, туку политички парии. Така е овде, така е и во целиот свет. Да бидеме на чисто: политички партии водат држави, така ќе биде додека има свет и век.

Северна Македонија денес е подалеку од Европа отколку што беше пред, да речеме, 5 години. Погледајте ја денешната атмосфера, сетете се што беше пред само 5 години. Наративите кои денес се пласираат во медиумите, не водат кон, туку водат надвор „од“ Европа.

Од статистиките дека Северна Македонија ги дели „северноатлантските“ вредности. Не ги дели. Ниту ги делела. Ниту во догледно време ќе ги дели. На пример, од податоците дека Северна Македонија ги ускладила политиките за Украина со Европа и САД не може да се земе здраво за готово дека С. Македонија е на страна на жртвата Украина. Не е. Огромен број, ако не и цела десница, е на страната на Русија.

Податоците дека Северна Македонија е независна држава не значи дека конзервативната десница и нејзините граѓани сонуваат за независна држава. Дури и кога тоа би се поставило на референдум, верувам дека исходот ќе биде неизвесен.

А сепак, „високата политика“ нè убедува дека овие работи не само што не се спорни, туку се на ниво на аксиоми. Тоа е тој психоделичен ефект што денес го живееме.

И сега, замислете само за момент да ја нема Социјалдемократијата во оваа земја, како една централна сила во политичките прегрупирања и тежишта, што од оваа земја ќе остане?

Претерувам? Можеби. А можеби и не. Времето ќе каже дали и колку сум бил во право додека сум ги запишувал овие реченици.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
европски вредности Ненад Јовановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.