Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што тука не е јасно?

0
By Светлана Јовановска on March 15, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претпоставувам дека многу луѓе во Македонија го слушнаа говорот на премиерот Никола Груевски.

Накусо, за оние кои не чуле или биле расеани, да потсетам дека владата нема ни најмала намера да смени било што во своето однесување а уште помалку да даде оставка. Таа е задоволна од својата политика и во неделата во Скопје покажа дека има многу лојални поддржувачи.

Владата ја формираат граѓаните, рече Груевски и, меѓу другото, додаде: «Сакам да порачам дека барањето за преодна влада во Македонија е можно и остварливо но без ВМРО ДПМНЕ во неа» и «Најважно за нашиот народ е прашањето како сето ова ќе заврши. Ќе заврши со правна постапка согласно законите во Македонија».

Како што велат бројните корисници на социјалните мрежи и јас вo нивниот стил прашувам: што тука не е јасно? И дали се уште има луѓе кои веруваат дека владата, или некои од нејзините членови, ќе се одлучат за оставка?

Според она што го слушам и гледам, мојот логичен заклучок е дека тоа нема да се случи.

Но, доколку не поднесат оставки барем некои луѓе, оние за кои слушнавме најмногу на снимките што ги објавува СДСМ, не постои начин да се отвори пат за било кое од барањата на опозициската партија. И пред се, за правна разврска но и за политички дијалог.

Пред два дена Јавното обвинителство побара меѓународни експерти од ЕУ “кои би биле во тек со работата на јавните обвинители”, вели соопштението од оваа институција.

Странци сигурно ќе дојдат. Но, за било каков ангажман кој би имал влијание во политиката или судството, тие мораат да добијат мандат. Од владата. Ние сме, колку што знам, суверена држава во која директното мешање на меѓународната заедница во нашата политика мора да добие зелено светло токму од власта.

Освен тоа, тие истите странци, велат дека власта е избрана на избори кои ги одобри ОБСЕ. ОБСЕ многу добро ги слушна снимките што ги објави опозицијата за изборните манипулации и знае дека тие се веродостојни. Но, ОБСЕ исто така рече дека не е истражен орган. Истрагата мора да ја правиме ние.

Слушнавме дека и Груевски нема ништо против доаѓањето на странци исто како и Јавното обвинтелство. Зошто нема против? Затоа што тие странци нема да имаат мандат да воведат правда и да истражуваат. Тие ќе бидат оставени на милост и немилост на информациите што нашата власт ќе сака да им даде.

Верувам дека ќе дојдат и европски парламентарци. Слушам дека се спремаат за пат во Скопје. Но се што можат да направат е да трчаат од една до друга партија, да ги молат да се вразумат и да седнат да разговараат. Дали вие што ги читате овие редови искрено мислите дека тоа ќе ги убеди двете партии да седнат на една маса?

Јас не верувам затоа што последните настани донесоа само уште поголема поделеност помеѓу партиите и граѓаните, многу нетрпеливост, навреди, обвинувања…. Како европски парламентарци можат да го расплеткаат овој јазол ако ние самите не знаеме како тоа да се направи?

Слушам дека Груевски треба да оди кај Меркел (иако досега нема официјална потврда за ваква посета).

Но дури и да е така, што потоа може да се случи? Предвидувам дека од ова патување на Груевски, ако се тоа потврди, ќе добиеме директно јавување на Сител од пред германската влада и изјава на премиерот која ќе не уверува дека и покрај сите проблеми, владата добила поддршка. Меркел сигурно ќе има остра порака. Но Меркел нема пред камери да го фати премиерот за уши да го натера да даде оставка и да го пикне во затвор. Тоа го нема дури ни на цртан филм. Евентуалната изјава на Меркел, да не заборавиме, ќе мине низ филтерот на пропагандата на власт и ќе добие убави бои.

Предвидувам дека странците ќе продолжат со закани за одземање на препораката за преговори за ЕУ и поканата за прием во НАТО. Сепак, дали знаете колку е далечна евентуалната реализација на овие закани? Политички гледано, тие се светлосни години далеку! Ако до нив навистина дојде, бидете сигурни дека власта ќе најде начин како да им ги “продаде” на своите гласачи.

Немам волшебно решение за оваа криза. Сакам само да предупредам дека големите очекувања од помошта од надвор можат многу лесно да бидат изневерени. Се додека Македонија е стабилна, ниту еден странец нема да се меша во нашата држава. Ова го кажав пред многу години на една дебата во Алсат М на која бев со колешката Ана Петрушева и аналитичарот Сефер Тахири. На тој став останувам и денес.

Ни владата ни опозицијата немаат намера да ја дестабилизираат Македонија. А за решавање на политичка криза меѓународната заедница нема да ангажира “тешкаши” кои би внеле ред. Оваа политичка криза е опасна за Македонија. Но таа за странците е “само” политичка криза.

Ова не е повик за револуција. Само повик за рационална анализа на настаните видени од седиштето на ЕУ во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.