Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Штрајк на вработените во сите подружници на ЈП Национални шуми

0
By Marija Todorovska on March 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По еднонеделен мирен предупредувачки протест околу 2 000 вработени во 30-тина подружници на Национални шуми во земјава од денеска стапија во штрајк со барање до раководниот тим на Јавното претпријатие да ја  исплати јануарската, како и феврурската плата за која рокот е до 15- ти март, како и исплата на сите додатоци од работа.

Ваквата одлука за стапување во штрајк пред три дена ја донеле сите вработените во ЈП Национални шуми со барање за исплата на двете плати, како и редовна исплата на сите  плати  и додатоци во наредниот период, информира на денешниот прес во Велес пред Подружницата „Бабуна“ на ЈП „Национални шуми, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, кој го поддржа штрајкот. Тој најави дека ако раководството денеска не им исплати плата,  штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, се’ до исполнување на нивните барања.

-Неиздржливо е во услови на криза и зголемување на трошоците за живот, луѓето кои секојдневно работат да не добиваат плата. Очекуваме раководството да се вразуми и да се одважи и да им исплати плата на вработените, а во спротивно штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, се’ до исполнување на барањата, потенцира Трендафилов.

Воедно појасни дека барањата не се само исплата на плати туку и на теренските додатоци кои не се исплатени повеќе месеци, како и други додатоци на плата утврдени со закони и со колективен договор, а кои не биле почитувани од оваа раководство на ЈП Национални шуми.

-Тука сум со нив да им дадам поддршка, а моите колеги од ССМ се во другите градови каде има подружници се’ со цел да им дадеме поддршка на колегите кои се одважија по многу години повторно да застанат и да штрајкуваат, потенцира Трендафилов.

На раководниот тим на ЈП Национални шуми му порача дека е поразително што не може да исплати плата, а доколку тоа не можат да го направат си поднесат оставка.

Тој на новинарско прашање информира дека ССМ веќе  разговарал со  раководството и дека тие  се правдале дека чекаат да земат позајмица. Но, Трендафилов потенцира дека тоа не е решение и дека позајмицата потоа ќе треба  да ја враќаат сите вработени во ЈП Национални шуми.

-Раководството секогаш има изговори, чекале  да добијат финансиска инекција од Владата. Но кога ќе ве постават да бидете менаџер  на едно јавно претпријатие и треба да  раководите со околу 2000 луѓе, вие треба да водите сметка дека редовно треба да им исплатите плата, рече Трендафилов.

Тој информира дека последната декемвриска плата била исплатена помалку линеарно за 6.800 денари на сите вработени.

Воедно обвини дека во услови кога не е исплатена плата раководниот тим пред неколку дена  објавил тендер за набавка на нови службени возила, а од почетокот на годинава имало 450 нови вработувања.

Зоран Игновски претседател на синдикатот на велешката Подружница „Бабуна“, информира дека и покрај штрајкот денеска   на работа од 7 до 15 часот се сите 58 вработени, но не ги извршуваат работните задачи.

Од синдикатот велат дека просечната плата во ЈП Национални шуми е 22, 24 и најмногу до 25 илјади денари, што е поразително за вработените.

ЈП „Национални шуми“ штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.