Синдикатот на германската авиокомпанија „Луфтханза“ најaви штрајк на поголем број од вработените. Тие бараат зголемување на платите од 5,2 отсто во следните 12 месеци за околу 33 илјади вработени на компанијата во Германија, како и гаранции за работните места.
Компанијата понудила повисоки плати за 0,4 до 0,6 проценти, а тоа беше причина за најава на штрајк.
Како што најави германската воздухопловна компанија „Луфтханза“, денеска ќе бидат откажани речиси сите летови на кратките и средните релации поради штрајкот на персоналот на земјата и на екипажите на авионите. Погодени се аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Минхен, Штутгарт, Хановер, Диселдорф и Келн.
„ Вкупно, од 1.650 летови на кратките релации се предвидува дека ќе се реализираат само дваесетина“, се наведува во соопштението на компанијата. Од меѓународниот аеродром во Франкфурт ќе бидат извршени само 6 од 50 интерконтинентални летови.