Од денеска разрешен е спорот за директор во ОУ „11 Октомври“ во скопската општина Центар. Легитимен е потписот е Васко Лазаревски, додека досегашната директорка Даниела Костадиновска се враќа во ОУ „Рајко Жинзифов“ од каде претходно дошла на функцијата директор во „11 Октомври“.
Прекинат е штрајкот што утрово започна во улилиштето, а како што информираше Лазаревски бил поради неисплатена октомвриска плата. Наставата редовно се одвивала по состанокот кој утрово го имал директорот со наставниците.
Тој рече дека деновиве задоценатата плата ќе биде исплатена што е можно поскоро, откако неговиот потпис е официјализиран во Централниот регистар како валиден директор на училиштето.