Каја Шукова: Во понеделник требаше да се одржи дебата во емисијата „Само Вистина“, соочување на кандидатите за градоначалници на Град Скопје. Јас бев поканета и целосно подготвена да се појавам, затоа што граѓаните заслужуваат отворена расправа за иднината на градот.
Но, емисијата беше откажана затоа што Орце Ѓорѓиевски одби да учествува. Ова е уште еден доказ дека кога треба да се соочи со аргументи, тој избира бегство и изговори.
Јас сум подготвена за дебата, секогаш и секаде. Скопје заслужува транспарентност, а не кандидати кои бегаат од јавна одговорност.
Извор: Фејсбук