Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шукова: Поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа

0
By Zoran Ivanov on February 1, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што ќе го зголеми загадувањето. Според неа, ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти.

-Во време кога животот е сѐ поскап, кога граѓаните секојдневно се борат за да го задржат својот животен стандард, Владата зададе нов силен удар врз нив – драстично поскапување на парното греење од над 5%! Ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти, изјави Шукова.

На денешната прес-конференција, таа посочи дека поскапувањето можело да биде спречено со набавка на поевтин енергенс.

Владата ветуваше евтин природен гас, но повторно излажа. Наместо да набави гас во јануари, кога цената на гасот во Европа беше околу 40 евра за мегават-час, Владата на Мицкоски набави гас за неверојатни 65 евра за мегават-час. Ако Владата навреме се погрижеше за поевтин енергенс, ова покачување немаше да се случи. Но, неспособноста и корупцијата повторно ги плаќаат граѓаните, додаде Шукова.

Таа предупреди дека квалитетот на парното е катастрофален и дека ова поскапување ќе доведе до нова еколошка катастрофа.

Дополнително, ова поскапување ќе доведе до нова еколошка катастрофа. Граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што значи дека загадувањето ќе расте! Наместо Владата да ја направи топлинската енергија подостапна и да ги охрабри граѓаните да останат на парно, таа со оваа мерка ги тера да бараат поевтини, но многу поштетни решенија. Во услови кога Скопје е прв на листата на најзагадени градови во светот, овие политики на Владата директно го загрозуваат животот на скопјани. Значи, ни стандардот, ни здравјето на граѓаните не ѝ се приоритет, рече таа.

Таа се осврна и на растот на цените, критикувајќи ја Владата дека не го штити стандардот на граѓаните.

-Во изминативе осум месеци, Владата целосно го уништи животниот стандард на граѓаните. Цените во маркетите растат без контрола а платите стагнираат. Владата немо го следи осиромашувањето на народот, без ниту една конкретна мерка за спас. Цените на основните производи се вивнуваат во небо, потрошувачката кошничка за само еден месец поскапе за 400 денари и достигна рекордни 63.000 денари,  а граѓаните едвај врзува крај, рече Шукова.

Каја Шукова се осврна и на евроинтеграциите.

Мицкокси преку изјавата на вицепремиерот Изет Меџити свесно им испраќа порака на граѓаните дека патот кон Европската Унија не е приоритет! Ова не е обична изјава, туку сигнал дека Владата планира да го одложи процесот на интеграција и свесно ја држи Македонија заглавена во место. Најважното прашање што треба да се постави е дали ова е официјален став на Владата или само пробен балон? Дали Христијан Мицкоски стои зад оваа изјава, или кукавички се крие зад својот коалициски партнер? Ако Владата донела одлука Македонија да го „чека“ Косово, зошто тоа не се соопштува транспарентно пред јавноста? Владата мора да одговори јасно, изјави Шукова.

 

сдсм шукова парно поскапувања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.