Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шурбевска:Обвинителството нека испита зошто документот е заведен подоцна

0
By Менче Атанасова Точи on August 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжуваат препукувањата, овој пат на релација Екстра меин и директорката на Центарот за јавно здравје од Велес. Директорката Флорентина Ристовска Шурбевска одговара на обвинувањата на компанијата дека таа ги фалсификувала докумените во постапката за испитување на листерија

„Зошто Екстра мејн се обраќа до мене кога мострата ја земал Државен санитарен и здравствен инспекторат? Во Велес е стигната со интерно пропратно писмо.

Да ,заведена е покасно, тоа си стои во документот, од објективни причини и на обвинителството е да цени и разгледува докази. Како тоа дури сега се сетивте вие од Екстра меин да проверите дека сте немале во тој маркет ваши производи. Не сакам да полемизирам, ама доколку јас бев сопственик, прво што ќе проверев е тоа. Имам и јас прашања до сопственикот.

Нека одговори тој на новинарите, кога веќе ме прашува јавно, каде заврши вратената роба од промет. Дали беше ставена под 24 часовен надзор?Дали постои записник што се е вратено, кој производи , која количина, од кои маркети, кои лотови? Дали некој манипулирал со неа? Колку може да се верува дека испитувањата што се направени во факултетот за ветеринарна медицина се токму од истиот лот?

Колку е тешко на машината да се отпечати ново ливче и да се залепи и прикажете дека е од таа серија,посебно ако кај вас е се. На мислење сум дека во паниката што ве има фатено ќе направите уште неколку кривични дела, како на пример фалсификување на деловна документација.

Уште едно прашање, дали ќе ризикувате, примерокот што го чувам за суперанализа , да го поделиме на половина. Едниот дел да оди на натамошно испитување, а половината да го дадете на вашите деца да го изедат. Би сакала да ви помогнам. Лично бев во вашата фабрика, знам дека немате внатре фарма на листерии, бактеријата влегла кај вас со суровина и или не сте ја уништиле со технолошкиот процес, некаде вашите работници згрешиле, или бактеријата е посебно отпорна.

Зошто не побарате испитувања на отпорноста на бактеријата, што би ве ослободило од одговорност, ами уште подлабоко заглавувате со неосновани обвинувања,фалсификувања и инсинуации. Малку недостасува уште и да ме обвините дека јас дома имам фарма на листерии па намерно сум ви ги подметнала.

До каде мислите да одите со овие обраќања. Уште еднаш ќе изјавам дека не треба да се шпекулира, туку да се остават институциите на раат да си ја работат својата работа, се вели во одговорот на Ристовска Шурбевска до Екстра меин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.