Пред објавување на извештајот на Европската комисија за РМ, д-р Оливер Шварц, експерт за европска политика, во разговор за Дојче Веле подвлекува дека на Грција сега ќе и‘ биде тешко да стави уште едно вето за Македонија.
„Регуларно спроведените локални избори за Македонија се вистинска пресвртница. Немаше забележителни истапи кои би го ставиле под прашање изборниот резултрат. Во овој смисол, за Македонија сега се отвора прозорец на можности.
– За очекување е дека извештајот на Европската комисија ќе биде позитивен со што ќе се подобрат и амбициите – Македонија во јуни од Европскиот совет да го добие датумот за официјалниот почеток на пристапните преговори.
– Сметам дека со ваквиот тек на случувањата, на грчката влада сега ќе и‘ биде тешко и натаму да става вето, позиција со која успеваше да го спречи отворањето на пристапните преговори на Унијата со Македонија“, вели за Дојче Веле д-р Оливер Шварц, експерт за европска политика од универзитетот Дуизбург – Есен.