Чешкиот министер за надворешни работи Карел Шварценберг и претседател на партијата ТОП 09, бил испрашуван од полицијата во врска со корупциската афера во која учествуваа тројца пратеници на владејачката коалиција, а која беше откриена деновиве.
Tројцата поранешни пратеници, членови на Граѓанската демократска партија (ОДС), Петр Тлухор, Иван Фукса и Марек Шнајдер се обвинети дека барале противуслуга кога се откажале од нивните мандати, откако не сакале да гласаат за важни владини закони.
Тие се во притвор и се осомничени за поткуп, односно за стекнување на економска корист во замена за пратеничкиот мандат, во што е вмешана и најблиската соработничка на премиерот Петр Нечас, Јана Нагиова.
Шварценберг претходно, призна дека владината коалиција била уценувана од тројцата „бунтовници“ на ОДС и дека за откажувањето од пратеничките места морале да им обезбедат функции во државни фирми.
Нечас изјави дека ова било повеќегодишна пракса и не смета дека преставува кривично дело.