Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шведска не ги признава македонските возачки дозволи, од МВР велат дека работат на проблематиката

0
By Нова ТВ on November 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако го решивме проблемот со Германија во однос на признавањето на македонските возачки дозволи, сега се наметна нов. Печалбарите кои од нашата земја се наоѓаат во Шведска имаат проблем со дозволите за управување на возила. Се жалат дека само една година по нивното пристигнување може да возат без проблем со македонската возачка дозвола.

„За нас е пречка бидејќи ни требаат. Зависи каде одиме, а не можеме да одиме со автомобил затоа треба да се качиме на автобус или воз, а со тоа се губи повеќе време. Ако со автомобил стигнуваш за 5-10 минути, со воз или автобус губиш еден час“, вели Фари Незири кој работи во Шведска.

Возачките дозволи и јазикот им се најголеми при работата додаваат тие. Па и често се случувало да се изгуби и работа поради неважечка возачка дозовола. Друг наш соговорник апелира доколку може државата нешто да направи во однос на нивниот проблем, што би значело големо олеснување.

Каде важат македонските возачки дозволи?

Кога решавате да заминете во странство на подолг рок едно од прашањата е дали можете да ја користите вашата возачка дозвола, односно дали истата може да ви биде признаена од тамошната земја. Во спротивно ќе морате повторно да полагате што ќе ве чини и пари и време.

Според информациите објавени на Министерството за внатрешни работи, Македонија има потпишано билатерални договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со седум европски земји и тоа: Италија, Шпанија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Германија.

Тоа значи дека доколку патувате или работите во некоја од горе споменатите земји, вашите возачки дозволи ќе имаат иста важност како и на жител од овие земји.

Врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај, признавање на македонската национална возачка дозвола и замена на истата е овозможено во Чешка, Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија и Белгија како и Австрија каде е признаена возачката дозвола само за „Б“ категорија.

Во моментов МВР преговара и со Кралството Данса, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, провинција Онтарио, Канада, државата Катар и Обединети Арапски Емирати.

Кога во Шведска ќе ги признае нашите возачки дозволи?

За ова прашање се упативме во Министерството за внатрешни работи. Од таму со одговор дека се работи и на оваа проблематика.

„МВР има испратено барање до Кралството Шведска за можноста и процедурите за признавање на возачките дозволи врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај (1968). МВР презема активности за договори со колку е можно повеќе земји за признавање на возачките дозволи“, велат од МВР.

Сличен проблем имаше и со Германија, но тоа сега е веќе минато. Македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.