САД и западни разузнавачки агенции имаат информации дека израелски воен авион најверојатно погодил цели на територијата на Сирија, јави Си-Ен-Ен. Се претпоставува дека авионот испукал проектили кон цели во Сирија без да навлезе во сириското воздушно пространство.
Според изворите, операцијата била извршена во четвртокот или петокот.
Телевизијата тврди дека САД имаат информација дека во тој временски период израелски авиони преминале над Либан. Тие тврдат дека целите во Сирија не се поврзани со хемиско оружје, прецизира медиумот.
Во одговор на наводите на телевизијата, Израел соопшти дека би направиле „се што е неопходно“ за да се спречи трансфер на сириско оружје за терористички групи.