Ова се граѓани со пречки во развојот, глуво-неми, од цела Македонија. Утринава се собраа пред Министреството за труд и социјала во знак на протест барајќи ги основните човекови права.
Бараат подобар третман од државата, а нивниот претседател Васко Марков за кој тврдат дека го злоупотребува здружението под итно да си даде оставка. Велат дека Марков си дозволува патувања во странство со нивните пари и не се грижи за интересите на овие луѓе.
Во Македонија има околу 6000 глуви, а само 12 толкувачи. Тие што можат сами плаќаат толкувачи од свој џеб, за да можат да се разберат на суд, во болница. Бидејќи неможат да се разберат без толкувач, најчесто ги губат случаите на суд или добиваат погрешна дијагноза на лекар.
По, преговорите во Министерството им ветиле дека ќе добиваат помош од 4000 денари. Но, тие бараат образование, работа, толкувачи. По, ова се упатија на протест пред домот за хуманитарни работи Даре Џамбаз.