Гордана Сиљановска – Давкова: Не би можела точно да одговори дали може да дојде до реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата кој неодамна беше презентиран во Брисел. Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот бидејќи тој се врзува со историските комисии и нивните разговори. Сепак, можеме на друг начин да пристапиме кон Договорот. Не би можела точно да одговорам иако на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк имав пријателска средба и со претседателот на Бугарија, господинот Радев. Најповторуваната синтагма од сите е дека ние треба да ги почитуваме договорите, се разбира дека секој кој знае меѓународно право па и право знае дека во Договорот за добрососедство и пријателство нема одредба која што вели дека треба да се смени Уставот и не може ни да има, тоа се врзува за фамозните историски комисии и нивните разговори и преговори. Линк