Силен земјотрес од 8,2 степени според Рихтер, со епицентар во Охотско Море на полуостровот Камчатка, се почуствувал во речиси целата земја, јавува Би-Би-Си. Сепак, ова соопштение доаѓа од американски геолошки институт, додека руските власти велат дека се работи за 6,2 степени според Рихтер.
Нема информации за жртви или штети.
Руските власти објавија опасност и од цунами на Сахалин и и на Курилските острови, но го повлекоа многу брзо.
Сепак, на жителите им беше упатена препорака да ја напуштат потенцијално загрозената област.
Се работи за област со активни вулкани. Главниот град Камчатка е база на нуклеарни подморници, а најголемиот руски проект за природен гас е на Сахалин.