Најмалку 56 луѓе загинаа а околу 600 се повредени од силниот земјотрес со магнитуда од 6,6 степени според Рихтеровата скала, што денеска ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан, јави агенцијата Ксинхуа.
Сепак, точни податоци и детали за големината на разурнувањата се уште нема а бројот на жртвите постојано расте.
Потресот бил толку разорен што е почувствуван во многу градови на провинцијата Сечуан, како што е и административниот центар Чанду, што се наоѓа на 140 километри од епицентарот на земјотресот, што бил во околината на Лушан.