Силен земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во турската провинција Маниса, источно од Измир.
Според Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот е на 13 километри длабочина во областа Саруханли. По силниот земјотрес во источниот дел на земјата се регистрирани уште 3 земјотреси, но со послаб интензитет.
Во моментов нема податоци за настрадани или причинета материјална штета. Шефот на турската Црвена полумесечина Керем Киник соопшти дека координативниот центар за вонредни ситуации прави проценки. Од владината служба за катастрофи и кризи посочуваат дека земјотресот се случил во 15:53 часот по Гринич.

