Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Симовски вели дека грешката во религиозната припадност е направена со погрешно внесување во графите

0
By Mirjana on April 4, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Пишувајќи го текстот  во табелите , направена е ненамерна  пермутација  на бројките во графите : „ Не е верник (атеист) “ и „евангелско протестантски христијани“ за што им се извинуваме на граѓаните, изјави во телефонски разговор за НоваТВ  директорот на Државниот Завод за Статистика (ДЗС), Апостол Симовски отфрлајќи ги сите инсинуации и клевети за наводно штелување на бројките. Упатувајќи не на соопштението објавено на сајтот на ДЗС, во кое исто така има извинување за направената грешка, Симовски рече дека дополнителни објаснувања нема да даваат.

Во  соопштението стои:

Во Соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 – Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол – Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците.

Од тие причини е направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор.

Се извинуваме за направената грешка, се наведува во соопштението од Државниот Завод за Статистика.

Дека пописните резултати се изменети во делот на религиската припадност, се дозна во саботата.

Новата табела за верската определба на населението беше поразлична од првично објавената, на 30 март. Највпечатлива била промената за бројот на атеисти кај кои  првичната бројка од 355 лица е избришана а со корекцијата внесен е бројот 8764.

Овој број 8764, претходно стоеше во  графата Евангелско-протестантски христијани,

Во новата табела се избришани, или не се прикажани лицата чија верска опрделба е помала од 500 попишани лица. Од ДЗС ова го објаснуваат поради направената корекција во табелата и ограничениот простор.

Резултатите од Пописот беа објавени на 30 март од кога почна лавината реакции пред се за бројноста на припадниците на етничките заедници. Па така, незадоволство изразија српската заедница, турската, македонските бугари како и многу политички партии. Турција и Бугарија незадоволството од пописните резултати го манифестираа дури со институционални реакции/соопштенија преку Министерствата за надворешни работи.

Пописните резултати го покажаа следново:

Вкупното попишано население изнесува 2 097 319 лица.

Вкупното резидентно население изнесува 1 836 713 лица.

Вкупното нерезидентно население во кое спаѓаат државјаните на Република Северна Македонија отсутни во странство повеќе од 12 месеци и странците времено присутни во Република Северна Македонија помалку од 12 месеци, изнесува 260 606 лица опфатени со Пописот.

Бројот на лицата за кои податоците се преземени од административни извори изнесува 132 260 или 7.20% од резидентното население.

Во вкупно попишаното население, 54.21 % се изјасниле како Македонци, 29.52 % како Албанци, 3.98 % како Турци, 2.34 % како Роми, 1.18 % како Срби, 0.87 % како Бошњаци и 0.44 % како Власи.

Во вкупното резидентно население во Република Северна Македонија, 58.44 % од населението се изјасниле како Македонци, 24.30 % како Албанци, 3.86 % како Турци, 2.53 % како Роми, 0.47 % како Власи, 1.30 % како Срби и 0.87 % како Бошњаци.

(М.Т.)

 

РЕЛИГИОЗНА ПРИПАДНОСТ СИМОВСКИЗА ПОГРЕШНО ВНЕСЕНИТЕ БРОЈКИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.