НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССКЦ: Медицинската сестра од Неврологија не треба да биде казнета

0
By Нова ТВ on July 6, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ставот на Синдикатот на Клинички центар е дека медицинската сестра, вработена во ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија не треба да биде казнета поради учеството  во Меѓународниот научен проект „Серолошки скрининг на COVID-19 на здравствени работници од Република Северна Македонија“, кофинансиран од Агенцијата на франкофонски универзитети (УАФ), која ја сочинуваат 944 универзитети, колеџи, универзитетски мрежи и научно истражувачки центри од 116 земји, кои користат француски јазик.

Проектот е од јавен карактер и е поминат на Етичката комисија на Медицинскиот факултет.

Казнетата медицинска сестра во проектот учествувала доброволно, како испитаник, без никаква финансиска надокнада, ниту пак со учеството направила било каков трошок на установата каде е вработена.

Волонтерското учество подразбира дека немала никаква обврска да го извести работодавачот, односно директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија или било кој друг раководен орган на таа институција.

И, покрај тоа за учеството во проектот била запознаена докторката која тој ден го менувала директорот поради негово отсуство, како и медицинската сестра која тој ден ја менувала главната сестра.

Се работи за медицинска сестра со високостручно образование, специјалист, која на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија е на работно место одговорна медицинска сестра на Одделот за ургентна неврологија.

Меѓу вработените е позната како голем професионалец и колешка која своите работни задачи ги извршува совесно, стручно и крајно одговорно, штитејќи го за цело време како сопствениот, така и угледот на клиниката во која работи 26 години.

Според исказот на Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија на побараниот совет од Министерот за здравство и државниот санитарен и здравствен инспекторат како да постапи во случајот, одговорот од двете институции бил дека медицинската сестра треба да се суспендира од работа.

Доколку изнесеното од директорот е вистина, многу мачно и болно е сознанието дека во денешно време со невидена леснотија, телефонски може да се одреди човечка судбина.

Спротивно на препораките од Министерот за здравство и ДСЗИ, директорот донел одлука медицинската сестра да не ја отстрани од работа, туку да ја казни со намалување од 20% од нејзината плата во наредните два месеци.

Се поставува прашањето која била причината да Директорот ги информира и побара совет од Министерот за здравство и ДСЗИ за на крајот своеволно да ја изрече казнената мерка „дисциплинска неуредност“.

Можеби проблемот не е во доброволното учество на медицинската сестра во проектот како испитаник, без никаква лична корист и без финансиска импликација за установата во која работи.

Вон секоја логика би било да проект прифатен за кофинансирање во конкуренција меѓу 1888 проекти од 423 високообразовни институции од 76 земји, а чиј носител е Институтот за медицинска и експериментална биохемија, а како рамноправен фактор во изведба на серолошкото тестирање е вклучен Институтот за имунобиологија и хумана генетика, наместо за восхит биде причина за претходните дејствија.

Познато е дека Министерот за здравство своевремено, лично и со право се пофали за учеството на Република Северна Македонија во мултицентричната студија „Солидарити“ на СЗО за третман на Ковид-19.

Би прашале да не е проблематична целта на проектот, односно серолошкиот скрининг за да се детектира серопреваленцата на IgM и IgG антителата против SARS-CoV-2 вирусот кај здравствените работници. Можeби истото она поради кое се одолговлекува скринингот на здравствените работници за кој Министерот Филипче изјави дека ќе почне на средината на месец мај, заедно со скринингот на вработените во детските градинки.

Синдикатот на Клинички центар ги повикува Министерот за здравство и Комисијата за заразни болести да ја објаснат  причината поради која се одолговлекува скринингот на SARS-CoV-2 вирусот кај здравствените работници.

Правото на работа и правото на волонтерско и стручно учество во проекти  не зависи од вољата на поединци, ниту е нивна привилегија.

Синдикатот на Клинички центар е на став дека изречената казнена мерка „дисциплинска неуредност“ нема никаква правна или било каква друга поврзаност со волонтерско учество во научен проект како испитаник и од тие причини бара истата да се укине, се вели во соопштението од Синдикатот на Клиничкиот центар.

Како што објави НОВА, медицинска сестра на Клиниката за неврологија е казнета бидејќи дала крв за испитување со кое се утврдува дали била во контакт со коронавирусот и дали развила имунитет. Таа добила дисциплинска мерка со која е казнета со 20 проценти од платата во текот на два месеца бидејќи ги инцирала и им земала крв на уште  15 вработени од клиниката кои доброволно се вклучиле во научен проект со кој е предвидено да се тестираат здравствените работници за да се види дали биле во контакт со коронавирусот, ако биле дали создале имунитет.

Станува збор за меѓународен научен проект со кој се скенира состојбата на здравствените работници како најризична група и преку серолошко испитување да се утврди колку од нив биле во контакт со коронавирусот, дали развиле антитела, како дали при повторен напад од вирусот имаат развиено имунитет и да се откријат можни активни случаи

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.