Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот и комората молчат, лекарите огорчени од апсењето на Ставриќ

0
By Менче Атанасова Точи on May 7, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не стивнуваат реакциите по вчерашното апсење на познатиот очен хирург и до неодамна предводник на Синдикатот, Дејан Ставриќ. Страв и огорченост владее кај лекарите на скопските клиники по информацијата дека познатиот офталмолог е уапсен под сомнение за земање на поткуп од пациент за да може да му среди за инвалидска пензија.

На хируршките Клиники од рано утринава тема на разговор било апсењето на Ставриќ. Лекарите се собираат во канцеларии и кабинети и таму тивко, затскриено го изразуваат својот револт бидејќи се плашат за својата безбедност, велат извори за НОВА на клиниките.

-„Страшно е ова што се случува“ „Не е фер“ „Кој е следниот“се најчесто речениците кои се слушаат меѓу лекарската фела денеска, вели нашиот извор, кој сакаше да остане анонимен. Истите коменатри ги слушнавме и од повеќето лекри со кои контактиравме. Ниту еден од нив, не сака да зборува јавно со образложение дека се плашат за себе и својата работа.

Она што ги особено ги зачудува лекарите е, како е можно да се уапси лекар кој работи приватно и нема ниту еден мотив да зема поткуп. Според МВР, Ставриќ во моментот е во притвор во Шутка, а се товари за за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, според член 359 од Кривичниот закон. Според полициските информации, Ставриќ при медицински преглед додека работел на Клиниката за очни болести дијагностицирал болест на очите кај еден пациент и му ветил дека за 2.000 евра може да му среди за инвалидска пензија.

-Лекарот беше следен подолго време. По последниот разговор со оштетениот пациент пред два дена, вчера се сретнале во Угостителски објект кај меѓуградската автобуска станица, при што биле предадени одбележаните банкноти , што интервенирале инспекторите на МВР, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

НОВА побара став од Лекарската комора која ги застапува интересите на докторите, но претседателот Кочо Чакаларовски беше зачуден од информацијата, рече дека првпат слуша за апсењето на офталмологот.

-Првапат слушам за апсењето, но велам, прво нека с е испита случајот, нека се почитува „презумцијата на невиност“, а дури потоа комората ќе се изјасни, изјави кратко Чакаларовски.

Во Синдикатот на скопските клиники каде до пред еден месец Ставриќ беше на чело, велат дека нема раководство, нема кој да даде изјава. Членови од раководството кои исто така сакаат да останат анонимни објаснуваат дека Ставриќ пред месец и половина си дал отказ од функцијата, а тие се во очекување на новиот Конгрес за кој не знаат кога ќе биде организиран. Сепак,некои од нив револтирано коментираа:

„Во државата се најкорумпирани има меѓу политичарите и судиите, а се апсат лекари“беше краткиот коментар кај некои синдикалци. По ова не упатија, во Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со кој заеднички преговараа кај министерот Тодоров во време на штрајкот, но претседателот Љубиша Каранфиловски не беше достапен поради службено патување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

ВЕСТИ October 11, 2025

Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во…

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.