Советот на Синдикатот на културата на денешната прес-конференција ги изнесе барањата до новата Влада за подобрување на состојбата на вработените во културата. Според нив, приоритетните проблеми со кои се соочуваат вработените во културата произлегуваат од лошите и неадекватни правни регулативи, пред сè новиот Закон за култура и Колективниот договор.
– Носителите на дејностите во културата веќе подолго време се соочуваат со проблеми при работењето кои произлегуваат од лошите и неадекватни правни регулативи, пред сè новиот Закон за култура и Колективниот договор.
Укинување на Законот за култура и изготвување нова законска рамка по урнекот на европските земји. Имено, Законот за култура, со неговите бројни измени, а особено оние од 2014 година е тежок бирократски документ со кој преку воведување низа одредби преземени од законите за администрација се врши бирократизација на дејноста. СКРМ има став дека концептот на Законот е целосно погрешен и дека Законот за култура треба да биде една концизна општа рамка од која ќе произлегуваат посебни законски акти со кои ќе се регулира функционирањето на различните дејности согласно нивната специфичност, велат од Синдикатот.
Меѓу другото, Синдикатот бара иземање на културата од Законот за јавна администрација, поголема транспарентност во донесување на законските акти во културата, потоа заштита на професионалниот интегритет на уметниците, ревизија на колективните договори, подобрување на општите услови за работа, нови вработувања во дејностите каде што има дефицит.

