Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Синедејс“ петок: Мишел Гондри, Ноам Чомски, Жарко Лаушевиќ, Нури Билге Цејлан

0
By Нова ТВ on November 21, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во кино Милениум денеска на репертоар од програмата на „Синедејс“ филмскиот фестивал публиката со почеток во 17:30 часот ќе има можност да го погледне филмот на Мишел Гондри „Дали е среќен човекот што е висок“ во кој учествуваат самиот Мишел Гондри и Ноам Чомски.

Режисерот Мишел Гондри со помош на својата разиграна фантазија, создава повеќе анимирани разговори со познатиот лингвист, филозоф, политички говорник и активист – Ноам Чомски. Во средиштето на овие разговори е и теоријата на Чомски за потеклото на јазикот. Во оваа интелектуална гозба Гондри користи цртежи со чија помош подобро ги објаснува сложените идеи и ја проширува документарната форма.

Филмот учествуваше на повеќе филмски фестивали, меѓу кои во Берлин и Сиднеј.

Во 19 часот во кино Фросина МКЦ од Официјалната селекција на „Синедејс“ ќе се прикажува „Спомени во камен“ на Шавкат Амин Корки.

Програмата на кино Милениум ќе биде збогатена со проекција на филмот „Пченкарен остров“ на Џорџ Овашвили, филм кој на меѓународниот фестивал во Карлови Вари филмот ја доби наградата на Екуменското жири и Гран при – кристален глобус, а се закити и со Гранд при наградата на Сплитискиот филмски фестивал.

„Кажи како се викам“ на Нигина Сејфулаева, филм кој беше прикажуван на филмски фестивали и во Шпанија, и во Сенкт Петербург ќе се прикажува во киното Фросина во 21 часот.

Во 22:30 часот во кино Милениум од селекцијата Гала Премиера, на програмата е „Зимски сон“ на Нури Билге Цејлан, филм кој беше прикажуван на над 10 филмски фестивали годинава.

„Лауш“ на Бранка Бешевиќ Гајиќ на репертоар е во 23 часот во кино Фросина.

„Лауш“ е документарен филм снимен според вистински настани и разговори за животот на Жарко Лаушевиќ – еден од најпознатите актери во поранешна Југославија, но и жртва на тешките времиња во државата. Филмот ја претставува неговата судбина преку своите наративни делови, како и преку спомените на неговите колеги и пријатели, а исто така употребен е архивски материјал, како и цитати од неговиот роман „Годината минува, денот никогаш“, што Жарко го напишал за време на најтешкиот период во неговиот живот. „Лауш“ ни го прикажува животот на еден харизматичен актер со неверојатна кариера, кој исчезнува од сцената на врвот на својата слава како резултат на ароганцијата и на предавничките времиња во поранешна Југославија. Филмот се занимава со делото на Лаушевиќ, неговата уметност, страдањето и со „воскреснувањето“ како уметник. Проектот ги открива причините за неговото исчезнување од сцената. А под тоа се подразбираат политичките премрежја во 90-тите.

Од музичките документарни филмови, во 20 часот во Џебното кино ќе се прикажува „Тврда почва: Калливите корени на американската почва“ кој го прикажува минатото и развојот на американската рутс музика и го испитува нејзиното социјално и културолошко значење во 21 век.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.