Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Синедејс“ со богата понуда и за четврток

0
By Нова ТВ on November 20, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Збогум на јазикот“ во режија на Жан-Лук Годард ќе се прикажува денеска со почеток во 20 часот во кино Милениум во рамките на фестивалот „Синедејс“.

Идејата е едноставна: се сретнуваат мажена жена и слободен маж. Се сакаат, се расправаат, „летаат“ тупаници. Едно куче постојано талка од град до село. Минуваат годишните времиња. Мажот и жената повторно се среќаваат. Кучето се наоќа меѓу нив. Другиот е во едниот, едниот е во другиот и тогаш се тројца. Поранешниот сопруг урива се. Почнува втор филм: ист како првиот, но сепак не целосно. Од човечката раса се префрламе на метафора. Ова завршува со лаење и бебешки плач. Во меѓувреме, ќе видиме луѓе кои зборуваат за падот на доларот, за вистината во математиката и за смртта на црвеногушката.

Филмот во кој главните улоги ги толкуваат Хелои Годет и Камел Абдели е награден на Канскиот фестивал 2014 и на Палм дог.

Во 22:30 часот исто така во киното Милениум, на програмата од селекцијата Гала Премиера ќе се прикажува „Салата на Џими“ на Кен Лоах. Главните улоги ги толкуваат Бери Ворд, Џим Нортон и Сајмон Кирби.

Година 1932. Џими Гралтон се враќа дома, во ирското село, по десет години минати во принуден егзил во САД. Неговата мајка вдовица е среќна, пријателите на Џими се среќни, сите млади луѓе кои сакаат да танцуваат и да пеат се среќни. Но тоа не е случај и со отецот Шеридан, локалниот свештеник, ниту пак со селскиот властелин, ниту со Денис О`Киф, лидерот на фашистите. Причината е едноставнач Џими е социјалистички активист. Затоа, кога „натрапникот“ повторно ја отвара селската сала, со што им овозможува на селаните собиранки каде што можат да пеат, да танцуваат, да сликаат, да учат или д абоксуваат, ним тоа воопшто не им се допаѓа. Тешко е да се манипулира со луѓе што размислуваат и што се обединети, не? Од тој моменттие се обидуваат на секој можен начи да се ослободат од Џими и од неговата „опасна“ сала.

Филмот својата премиера ја имше на Канскиот фестивал годинава, а беше прикажан и на филмските фестивали во Нов Зеланд, Рио де Женеиро и Бусан.

Од официјалната селекција на филмскиот фестивал „Синедејс“ во 19 часот во киното Фросина во МКЦ ќе се прикажува „Одиме на море“, филм на Јижи Мадл кој ја освои наградата на Меѓународниот филмски фестивал за деца и млади Злин.

Музичката програма денеска е збогатена со документарецот за Културно уметнички работници „Денот да е радосен“. Филмот ќе се прикажува во 21 часот во кино Фросина.

„Чао Бразил“ на Карлос Дигес, како дел од Бразислката кинематографија публиката ќе има можност да го погледне во 20 часот во Кинотека на РМ, а претходно од Придружната програма во 17 часот во кино Фросина ќе се прикажува италијанскиот „Божја милост“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.