Сирија го обвини Израел за ракетен напад во предградието на Дамаск, Џамраја, извршен денеска, погодувајќи “научен истражувачки центар”, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на сириската државна телевизија.
Тоа е втор пат напад на Сирија, како што набљудувачите го опишаа, истражувачки објект на
владата за одбрана, а тоа доаѓа еден ден откако американските власти му кажале први на Си-Ен-Ен дека САД верува дека Израел ќе изврши воздушен напад врз Сирија.
Израелските воени сили одбија да коментираат за сирискиот телевизиски извештај. “Ние нема да коментираме за овие извештаи воопшто”, изјави портпаролот на ИДФ.
Сириските извештаи во вестите тврдат дека ракетниот напад врз истражувачкиот центар бил потпомогнат од бунтовници, кои се борат против владините сили во регионот.