Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сирија истрела трета граната врз Голанската висорамнина

0
By Нова ТВ on May 7, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За помалку од 24 часа истрелана е трета граната од сириска територија врз Голанската висорамнина во делот што го контролира Израел, пренесува Макфакс.

Според израелски воен извор не се предизвикани никакви штети пренесе РИА Новости.
 
Претставници на израелската армија претпоставуваат дека, како и во случајот од понеделникот кога во истата област паднаа две гранати, станува збор за случајни прелети на проектили од борите меѓу сириската владина војска и вооружената опозиција. 

Меѓутоа, овие инциденти се случуваат во атмосфера на ескалација на тензиите во регионот по последните два воздушни напада на израелската авијација на цели на сириска територија, за која западни извори тврдат дека биле пратки ирански проектили наменети за шиитското либанско движење Хезболах со кое Израел во 2006 година водеше 34-дневна војна.

„Во вторникот експлодира проектил на отворен простор во јужниот дел Голанската висорамнина. Нема повредени, војската ја проверува областа на експлозијата”, изјавила неименуваната соговорничка за агенцијата.

За инцидентот израелската армија ги известила мировниците на Обединетите нации коишто го обезбедуваат почитувањето на режимот на линијата на израелско-сириското раздвојување. Во минатото Израел во неколку наврати при слични инциденти одговараше со артилериски оган врз сириски позиции.

На 5-ти јуни е годишнината од почетокот на арапско-израелската војна од 1967 година, кога е окупирана сириската Голанска висорамнина. Сопственоста на територијата и враќањето на коешто инсистира Дамаск и натаму останува главна тема на конфликтот меѓу Сирија и Израел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.