Сириската армија го нападнала делот од градот Кусаир кој беше централно место на бунтовнците, убивајќи најмалку 48 од нив.
Нападите се случија во непосреден период откако Сирискиот претседател Башар Ал-Асад во едно од своите интервјуа ги отфрли шпекулациите дека Сирија користи надворешни воени лица, и дека на неговата земја не и потребна помош од другите арапски земји.
Според некои информации, борци на либанското Хезбола движење и помагале на сириската војска.
Башар Ал-Асад исто така неодамна ги демантираше тврдењата дека неговата влада користела хемиско оружје против цивилното население, а кризата им ја префрли на странските интервенции во државата.