Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сирискиот огранок на Ал Каеда објави самораспуштање

0
By Zoran Ivanov on January 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Малата џихадистичка група Хурас ал Дин – сириски огранок на Ал Каеда – соопшти денеска дека се распушта, наведувајќи дека одлуката е донесена по падот на режимот на Башар ал Асад.

Групата, која се наоѓа на американската листа на терористички организации, посочи дека самораспуштањето е „одлука на главната команда на Ал Каеда во согласност со развојот на ситуацијата во Сирија“.

Коалиција од бунтовнички групи, предводена од радикалното исламистичко движење „Хајат Тахрир ал Шам“ (ХТШ), на 8 декември ја презеде власта во Дамаск по соборувањето на Башар ал Асад. Новата сириска влада најави разоружување на вооружените групи.

„Хурас ал Дин“, која вклучува странски џихадисти, беше стационирана во планинските предели на северозападна Сирија – област што долго време се сметаше за бунтовничко упориште, пред Дамаск да падне во рацете на бунтовниците.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, групата „објави распуштање за да избегне вооружен конфликт со ХТШ“.

Според разузнавачката група SITE, која ги надгледува исламистичките веб-страници, Хурас ал-Дин е основана во февруари 2018 година, речиси две години по отцепувањето на Џабхат ал Нусра, од кое произлезе ХТШ..

Групата е на американската листа на терористички организации, а Министерството за финансии на САД има распишано награда за апсење на нејзините лидери.

Во август минатата година, американските сили објавија дека ликвидирале висок претставник на групата, Абу Абдул Рахман ал Маки, кого го обвинија дека бил „одговорен за терористички операции во Сирија“.

 

ал каеда сирија огранок реаспуштена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.