Документи и справи за измачување се пронајдени во просториите на безбедносните служби во сирискиот град Рака, кои докажуваат дека затворениците биле измачувани, соопшти денеска организацијата за одбрана на човековите права Хјуман Рајтс Воч.
Најдените докази укажуваат дека Сиријците биле произволно апсени и измачувани во државните затвори во Рака, во северниот дел на земјата.
Бунтовниците го заземаа овој град во февруари и овозможија пристап на Хјуман Рајтс Воч, организацијата со седиште во Њујорк.
Организацијата во извештајот кој го објави денеска наведе дека нејзините истражители го посетиле Рака кон крајот на април и ги провериле безбедносните простории кои и припаѓале на владата и воените разузнавачки служби.
Тие пронашле документи, затворски ќелии, соби за испрашување и справи за измачување во тие затвори кои одговараат на измачувањата кои ги опишале бившите затвореници.