Како луѓето во различни земји трошат на храна? Магазинот Економист објави истражување кое всушност ја покажува сиромаштијата на една земја- зависно од развиеноста и животниот стандард се троши и заработувачката за купување на храна. Сепак, во игра има и други фактори, како што е хедонизмот кон храната кој може да биде одлучувачки, а не економската развиеност.
Но, контролираното трошење за храна сепак подразбира дека поголем дел од парите би оделе секако за задоволствата, а за некои земји тоа значи алкохол и цигари. Погледнете го само примерот на Унгарија, која води во тие “задоволства”. Македонија не е вклучена во ова истражување.