Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сиромаштија за сиромашни

0
By Zoran Ivanov on December 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За разлика од оваа Владина позиција, социјалдемократскиот концепт, е субстантивно врзан за солидарноста, и социјално интервентни полтики, т.е. по должност и вредност, вистински се грижи за стандардот на работникот, и на граѓанинот. И, неспорно е дека минималната плата во 2016 година беше едвај 9.000 денари а денеска благодарение на СДСМ е 22.000 денари.

Ана Чупеска

Во чиј интерес и со каква цел се клати клатното на меѓуетничкиот раздор, се прашувам?  Та, едниот вели ќе има дестабилизација, па другиот вели ќе биде “голема”.  Клатното клати малце ваму, малце таму. Но, синхронизацијата ми се чини дека е добро режирана.

Затоа сум на став да се игнорираат овие перформанси и судиите да се оставаат раат во врска со нивното постапување. Додека се креваат паники, нешто друго оди незабележано и не толку фокусирано во нашите медиуми.

Прво, негрижата за граѓаните посебно околу континуираниот раст на цените. Уште полошо, не само што Владата не го третира овок проблем, туку има и јасна тенденција да манипулира, па со разните кошнички што божемски ги намени за граѓаните, испаѓа дека се за заштита на трговците и прекупците.

Сиромаштија за сиромашни, мили мои.

На трговците и прекупците, генерозната и галантна Влада на Северна Македонија, очигледно дека им остави доволно долг период, за да може пред кошничките да ги накачат цените во маркетите, за да може потем ѓоа да ги намалат.

Каков фалц, мили мои. Шибицарски. За што? За сиромаштија за сиромашните.

Значи, кога се намалуваат божемски цените, всушност нема никакво намалување, затоа што претходно имаа време за да ги напумпаат цените. Со тоа, се заштитија и пораснаа профитите на оние кои веќе се во несиромашна предност.

Разбирате ли мили мои, колку ниска превара е оваа, на штета на граѓаните?

Паралелно, со ваквото нефер привилегирање на трговците, Владата инсистира и на бетонирање на платите, и особено на минималната плата. А Премиерот, добива “осип” штом му се спомне, минималната плата, и внимавајте, вели тој “минималната плата друг треба да ја договори?” Како да не е премиер и на сиромашните, на тие со потешкотии во приходите ? Чиjа е одговорноста Премиере, ако не Ваша, како Татко на нацијата – Премиер за сите?!

Кој, впрочем треба да овозможи фер услови и приходи за работниците? Баба ми ли? Уф, изумив дека на нашата Влада важни и се само платите на оние во Владата, што значи зголемување кон 100 илјади денари?!

Работниците и минималната плата, нека остане на ниво Сиромаштија за Сиромашни…

За власта работниците се ништо повеќе од капиталистичко средство за производство , евтина работна сила, објект за експлоатација, за разлика од богаташите, на кои оваа Влада им дава привилегии и дополнително, ги штити, наместо обратно да биде.

Со ваквите трендови, не само што ќе се зголеми уште повеќе јазот меѓу богатите и оние кои имаат скромни примања, туку и ќе се отфрли можноста за социјална правда.

Со овие нефер, политики, се предизвикува и уставната пропозиција дека Македонија е СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА.

Значи, wellfair – от, и со него поврзаниот концепт за социјална правда, е на чекор до укинување.

Дали е така?

Јас мислам, да!

Конечно, реална последица од ова е, уште поголемо осиромашување на сиромашните. А тоа е, принципиелно, неспоиво со вредноста за социјална држава впишана во нашиот Устав.

За разлика од оваа Владина позиција, социјалдемократскиот концепт, е субстантивно врзан за солидарноста, и социјално интервентни полтики, т.е. по должност и вредност, вистински се грижи за стандардот на работникот, и на граѓанинот. И, неспорно е дека минималната плата во 2016 година беше едвај 9.000 денари а денеска благодарение на СДСМ е 22.000 денари.

Дури и како опозиција, СДСМ повторно бара покачување на минимална плата на работниците на 27.700 денари, односно наредната година да биде 30.000 денари

Слух за ова во Владата нема. Кога СДСМ го поднесе предлог Закон за изменување на минимална плата, со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните, тој не наиде на поддршка

Накратко, политиките на оваа влада се сведуваат на сиромаштија за сиромашни.

Текстот е сопственостр на Либертас.мк

 

Ана Чупеска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.