Проф. Рената Десковска: Како се случи и како се реагирало на допишувањето на Димовски и Дулиќ дека не ги признаваат правните квалификации на извештајот? Зошто не беше информирана јавноста? Зошто еден од членовите рекол дека допишувањето не е за јавност и оставил можност да се договорат да не дознае јавноста?
Предвидена беше дебата со Илија Димовски, еден од членовите на Комисијата, но тој не одговори на телефонскиот повик, ниту на пораката за покана за изложување на своите ставови и дебата со Десковска.