Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите сме исти, луѓе створени од Бога, време е да се соединиме

0
By Нова ТВ on May 10, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се викам Зехра, ќерка на Ферид и Зелиха, албанка по националност,горда на моето потекло.
Јас сум од оние деца кои знаат што е соживот, така растев јас, моето детство да можам би го дала на секого да го искуси. Дедоми беше комунист, а нели мотото на комунизмот било братство единство, па и така ме научија а и така живеевме во моето соседство на улица Џон Кенеди.

Мајка моја најмила живеела во Маџер маало ( за тие што незнаат се наоѓа кај нова железничка), татко ми пак растел во Пајко маало ( сега таму е македонска опера и балет). Таткоми беше ракометар во времето на Југославија, се дружеше со срби, македонци, роми турци. Најдобрите другари му беа чичко Драган на кого му бил кум на свадба, чичко Марко и чичко Кики, а јас растев со нивните деца, батко Нино, Ѓоко, Филип, Ана, Маја и малиот брат нејзин , славевме родендени заедно, слави нивни , бајрами наши. Убаво ни беше. Кога почина татко ми, утрото сите негови другари ги видов со раскрварени очи, и ден денес знам дека плачат по него, на нив не им беше битно дали е албанец, битно им беше то изгубија другар, битно им беше што Зехра и Дритон останаа без татко.
Јас како што кажав живеев во Чаир , на улица Џон Кенеди. И ден денес ги памтам детските игри со моите другарки, и ден денес ги памтам летата пред зграда со сите комшии излезени надвор, оти дома ни беше топло па пред зграда имавме сенка. Зградата имаше три влеза, памтам сеуште кој каде живееше, албанци,македонци,срби, турци, црногорци,роми, сите се почитувавме,око вадевме еден за друг. Баба Љубица доаѓаше на турски чај заедно со Мибера, седеа со дедоми и бабами до ниедно време на муабет. Чичко Ќани беше бифш полицац па му се плашевме, седевме мирни. Чичко Драган беше многу висок и сите го сакавме.

Дедо Апе имаше голубарник и обожававме да го гледаме додека ги ранеше, баба Цука си ја сакав како моја баба, внука и Ана ми беше најдобра другарка. Многу генерации во истата зграда , мојата беше чинам последна растена во мир и спокој. Мои другарки кој и ден денес ги сакам исто како тогаш беа Ана, Севим, Тамара, Ивана, Ајнур,Сања ,Бубе, боже беа тоа убави времиња. Ластик пред зграда, караници кој знае најдобро да игра, игравме џамија, народна итн. Пред ординацијата на тетка Зоре си ги кажувавме првите симпатии, муабети за дечковци, а и ги гледавме машките како играат кошарка. Знам дека моите другарки како и јас сеуште се исти, знам дека и тие сакаат соживот, знам дека си ги учат децата дека сите се исти.

Ова е моето детсво, имам многу за пишување, убави спомени, но драги мои, јас имав таква среќа и никогаш нема никој да ме натера да мразам, оти децата на Илина ми се најмили, оти Кате ми е драга, оти Александар и Николче ми се браќа, оти Севстија ја сакам. Оти јас немав суров живот, мене никој не ме викаше “шиптарко“, но јас познавам Македонци кои не виделе Албанци со очи во живо, Албанците ги виделе на вести, јас познавам Албанци намачени, омаложувани од Македонци кои така биле воспитани, да ги мрзат Албанците, да ги газат, и ден денес постојат такви и сведоци сме за тоа.

Дедо ми викаше во секое сончогледово цвеќе има расипан сончоглед но и добар, така е и со луѓето. Има добри Македонци, добри Албанци, а и лоши Македонци и лоши Албанци. Живееме во 21 век, сите сме исти, луѓе створени од Бога, време е да се соединиме и да покажеме дека можеме и умееме да створиме повторно единство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.