НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сите сомнежи за корупција во скандалот со опремата од Израел

0
By Влатко Чаловски on November 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По нешто повеќе од седум месеци откако СДСМ преку својот портпарол Петре Шилегов во канцеларијата на Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, неговата поранешна соработничка, а сега судијка во Вишиот управен суд Светлана Костовска и против Израелецот Хаим Хакеини во врска со наводна провизија при набавка на израелска опрема за специјалната полиција, новоформираното Специјалното јавно обвинителство денеска објави дека го презема случајот.

– Во текот на 2011 година, првоосомничениот Сашо Мијалков преку НН фирма примил провизија од 840.000 евра, 540.000 евра и 200.000 евра како награда за склучување договор за набавка на опрема, по значително повисока цена од реалната. Со тоа Сашо Мијалков сторил кривично дело примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластување.

– Второосомничената Светлана Костова, му помогнала на првоосомничениот и посредувала во врска со плаќањето на наградата и склучувањето на договорот за набавка на опремата.

– Третоосомничениот го договорил и извршил плаќањето на наградата со што сторил кривично дело давање поткуп, изјави Шилегов про поднесувањето на кривичните пријави.

За потврдување на тврдењата на Шилегов, претходно во сетот снимки кога ја објавуваше т.н “бомба 15“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека се работи за најдиректни и најкоректни докази за корупција на Сашо Мијалков.

– Во овие аудио докази не се зборува во шифри, овде се е јасно како бел ден. Овде се зборува со точни пари, со многу нули кои завршуваат кај Сашо Мијалков, рече тогаш Заев.

Се работи за набавка на опрема за прислушување преку Израел, а од таа страна преговарач бил извесен Хаим Хакеини. За да почнел да преговара за набавката од Израел, Мијалков побарал провизија, а извршител во неговите разговори била Светлана Костова, која пак посредувала со фирма НВСП на којашто сметка би требало да легнат средствата.

>> Кој е Влатко од бомбата на Заев преку чија фрима се врши трансакцијата со Израел

Заев покажа СМС комуникација помеѓу Костова и Мијалков, и помеѓу Костова и Хакеини, во кои, тврдеше тој, дека Хакеини, кој бил чест гостин во Македонија, ги префрлувал парите.


Тогашниот помошник-министер за односи со јавност во МВР, а денес портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, рече дека Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава против Заев за оддавање на државна тајна.

Од МВР велат дека со објавувањето на аудио снимките за наводната израелска донација, Заев неовластено открил државна тајна и со тоа нанел штета на трајните интереси на Македонија. За ова кривично дело предвидена е казна затвор во траење од 10 години.

За обвинувањата од опозицијата дека директорот на УБК, Сашо Мијалков, зел провизија, од МВР велат дека тоа било банкарска провизија.

-Провизијата која што се споменува е банкарска провизија. Бидејќи стануваше збор за префрлање на поголема сума пари и имаше одредени потешкотии и доцнење околу трансферите, нашите пријатели донатори одлучија да ја сменат банката и да ги префрлат парите преку кореспондентна банка од Будимпешта, која ги префрли парите во земјава, објаснија од МВР.

А кој е Хаим Хакеини за кој НОВА пишуваше непосредно по објавувањето на “бомбата“ за опремата од Израел?

Извори на НОВА во израелските институции до коишто стапивме во контакт преку наши колеги објаснуваат дека Хаим Хакеини не е непозната фигура во таа земја. Тој е поранешен висок функционер во израелските безбедносни служби. За државните служби работи до 1997 година. Тогаш преминува во бизнис секторот каде што работи во поголемиот дел од времето работи на конкретни проекти на покана на компании. На пример, еден од нашите соговорници шпекулира дека Хакеини едно време бил најмен како експерт за поставување на безбедносните и разузнувачките служби во една африканска држава, а ангажманот го добил преку приватната израелска компанија „АГ Консалтант“ чијшто директор е Габи Перез, познат трговец со оружје за безбедноста опрема којшто најчесто работи во африканските земји.

Сепак, во една од дипломатските белешки објавени на Викиликс од 27 Март 2009 кога претставници на американската амбасада отишле во седиштето на неговата фирма, се тврди дека Габи Перез, помеѓу останататите земји, посочил дека тргувал и со приватни влади и компании од Србија, Бугарија, Чешка и Романија, но не директно, туку преку компании посредници.

Во изјава за дневниот израелски весник „Марив“, Хакеини вели дека нема коментар за овој скандал велејќи „јас сум сега пензионер“.

За потсетување, Министерството за внатрешни работи во своето официјално соопштение, помеѓу другото, го обвини Заев и за издавање лични податоци на службено лице во израелското министерство за одбрана и загрозување на неговиот живот.

„Катастрофалното објавување на лични податоци на високиот претставник на Министерството за одбрана на државата Израел, не е ништо друго освен напад врз институциите на државата Израел и директно загрозување на личната безбедност на нивното службено лице. Благодарение на осомничениот, службеното лице на израелското Министерство за одбрана во иднина може да биде предмет на било чија закана“, рекоа од МВР.


Целата прес-конференција и објавувањето на “бомба 15“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.