Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, Златко Перински до Управниот Одбор на компанијата ќе предложи линерно покачување на платите на сите вработени.
Со покачувањето, како што информираат од компанијата, ќе бидат опфатени сите 1.278 вработени, чии месечни плати заклучно со августовската плата ќе се зголемат линеарно по 2.806 денари. Ова е прво вакво зголемување на платите по 13 години нивна стагнација.
Оттаму посочуваат дека ова покачување на платите се прави поради сериозноста на економската состојба и дотолку е значајно што доаѓа и покрај големите предизвици со кои се соочува јавното претпријатие, наследените финансиски обврски, големите државни должници спрема ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
„Меѓу најголемите должници на претпријатието со неисплатени обврски останува Заеднички Служби во Државниот Клинички Центар во Скопје со долг од 124.316.964 милиони денари, Општина Зелениково со 41.320.352 милиони денари, итн.“, се наведува во соопштението на претпријатието.