Дополнителни 700.000 евра ќе се потрошат за уредување на потегот од Камени мост до новиот објект на Министерството за надворешни работи.
Владината служба за општи и заеднички работи склучила анекс со „Бетон“ од Штип за изведување на дополнителните работи, пишува Утрински.
Во направениот договор е образложено дека во текот на изведувањето на работите се јавила потреба од изведување на дополнителни активности што не биле вклучени во основниот договор, а биле неопходни за завршување на работите. Се работи за изведба на работите за конзолно проширување на потегот од Камени мост до мостот кај новиот објект на МНР.